Зоолошка градина во САД вакцинираше 9 мајмуни против корона, никој немал лоша реакција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против ковид-19, со што влегоа во историјата на медицината, соопштија во четвртокот официјалните претставници на зоолошката градина.

Една од примателите на вакцината е 28-годишната женка-орангутан Карен, која во 1994 година беше првиот мајмун кој беше подложен на операција на отворено срце. Секое од деветте животни доби две дози од експерименталната вакцина првично наменета за кучиња и мачки. Ниту еден од мајмуните немаше лоша реакција на вакцината и сите се добро, изјави за Ројтерс портпаролката на зоолошката градина Дарла Дејвис.

Официјалните лица решија да вакцинираат мајмуни откако во јануари горилата во паркот Сан Диего Сафари беа заразени со коронавирус, при првото познато пренесување на коронавирус на мајмуни. Осум горили се опоравија од тогаш и се на пат кон целосно закрепнување, рече Дејвис.

Горилите сега не се вакцинирани бидејќи ветеринарите проценуваат дека нивниот имунолошки систем веќе има развиено антитела за борба против вирусот. За горилата се верува дека биле заразени од асимптоматски вработен во паркот. Орангутаните и бонобосите биле избрани за вакцинација, бидејќи е оценето дека спаѓаат во најризичната група, пренесува Хина.

Слични содржини