385
Скопската зоолошка градина денес на својот фејсбук профил објави дека е активирана Еко Зоната, благодарение на Go Green, Швајцарската амбасада и ресорното министерство за локална самоуправа.
„Скопје Зоо си доби своја ЕКО ЗОНА, благодарение на Go Green, Центар за развој на скопски плански регион, Швајцарска амбасада и Министерство за локална самоуправа.
За почеток поставени се Smart клупа со бесплатен WiFi, канти за селекција на отпад и држачи за велосипеди.
Ја продолжуваме соработката и понатаму со збогатување на градината со нови еко реквизити“, се вели во фејсбул објавата на Зоолошката градина.