Зоолошката градина во Прага со нова атракција – бебе нилски коњ

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Зоолошката градина во Прага има нов станар – новороденчето хипопотамче, пишува американскиот весник “Ревија”.4678107

Хипопотамчето е машко и сè уште нема име. Тоа е родено на 28 јануари и во моментов живее со мајка си Марушка и таткото Славек. Иако сè уште не се прикажува многу долго, бебето стана атракција за посетителите. Хипопотамчето се роди со тежина од 45 килограми, а веќе тежи цели 80 килограми.

Непосредно пред раѓањето семејството нилски коњи се раздели, но од минатиот петок целата фамилија повторно е заедно. Бебето беше прикажано за кратко во саботата и веднаш ги стопи срцата на посетителите во зоолошката градина