Зоран Милановиќ: Треба да се биде лојален на ЕУ, но не треба да се паѓа во транс

од Milan1
482 прегледи

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска го коментираше членството на земјата во Европската унија и порача дека Хрватска мора да биде лојална на она за што се согласила по своја волја, а тоа се ЕУ и НАТО, но дека, како што рече, не треба да се паѓа во транс.

„Не да се паѓа во транс, мора да останеме ладни и трезвени. Доаѓаат кризи. Европа и светот се соочуваат со сериозна, голема криза и мораме да гледаме да ги зачуваме нашите интереси, нашето добро и нашата благосостојба во неа“, изјави Милановиќ на новинарите во Чаковец.

Тој вели дека приказната дека Хрватска е дел од европското семејство на народи стои, но дека така било отсекогаш.

Слични содржини