Крипто инвеститорот и аналитичар на пазарот, Ларк Дејвис верува дека Биткоин се подготвува за експлозивен раст следната година.
Во ново видео, Дејвис рече дека неодамнешната акумулација на биткоин од долгорочни носители покажува дека 2022 година „може да биде многу посилна, отколку што можеме да замислиме“.
Гледајќи во табелата споделена од аналитичарот Вили Ву, Дејвис споделува како врвовите во долгорочната акумулација на сопственици, честопати претходат на зголемувањето на цените.
„Што е заедничко за сите овие масивни периоди на акумулација? Тие дојдоа непосредно пред драматично големите „рели“. Дали знаете што се случи? Акумулацијата за долгорочни сопственици овде едноставно го достигна својот врв. Во моментов сме на врвот на акумулацијата. Дали сфаќате колку е ова лудо? Ние сме речиси на прагот да достигнеме нов врв за сите времиња“, вели Дејвис.
„Секој пат кога ги имавме овие големи скокови на цените, тоа беше кога долгорочните сопственици ги напуштаат пазарите. […] Интересно, целосно се опоравивме од [неодамнешниот] пад. Сега влегуваме во откривање на акумулација. Ова ми покажува дека пазарот се подготвува за долг период на експанзија“, смета тој.
Крипто аналитичарот верува дека расположението за Биткоин ќе остане позитивно не само следната година, туку и во текот на целата деценија.
„Се наоѓаме во период на зголемено купување. Сите сакаат да се качат во возот токму сега. Сите гледаат и велат: Драг Господе, ова е реално, тоа всушност ќе се случи. Биткоинот ќе достигне 100 илјади, 200 илјади, 300 илјади, 400 илјади …Ќе достигне 500.000, можеби дури и милион долари до крајот на деценијата“, додава тој.