Зошто Вашингтон истура сарказам и потсмев на адреса на Ангела Меркел и на нејзините напори да ја смири кризата во Украина и проблемот со грчките долгови? Недоверба или скриена завист, прашува Миодраг Сорич во својот коментар.
Германците едноставно не се подготвени за вакви задачи и никогаш не биле во последните неколку децении. Тие немаат соодветни кадри, ниту пак имаат искуство, вештини и воен апарат, кои би им овозможиле да се претворат во сериозен фактор на меѓународната политика. А тоа дека Ангела Меркел сепак прави некакви обиди во таа насока, значи дека се заборавила. Горе-долу така се коментираат во Вашингтон напорите на германската канцеларка да се справи истовремено со две кризи: заканата од државен банкрот на Грција и пацификација на источна Украина.
Сарказмот и недовербата кон Германија е збунувачка уште повеќе во позадината на тоа дека Америка нема свој верен сојузник во Европа. Своевремено претседателот Џорџ Буш Сениор ги повика Германците да преземат водечката улога во европската надворешна политика. А сега, четвртина век подоцна, кога Берлин конечно презема повеќе одговорности, Вашингтон истура безмилосно критики кон Германија.
Дали не завидуваат тајно?
Нападите против Германија доаѓаат претежно од американските приврзаници на интервенционизмот. Причините за ова се неколку. Особено во конфликтот со Москва, за Американците беше премногу невообичаено да видат дека водечката улога беше поетот од Берлин, а не од Вашингтон. Германската канцеларка сепак го координира секој свој чекор со европските и американските сојузници и дури потоа дејствува. Така таа ја попречи можноста авторитарниот руски претседател да вбие клин меѓу западните сојузници.
Токму во оваа насока беа стравувањата на некои конзервативни Вашингтонски кругови: дека Германија може да шурува со западните сојузници, а на долг рок да воспостави и трајно партнерство со Русија. Тука тие очигледно наѕираат заркот од Рапало: станува збор за склучениот договор таму по завршувањето на Првата светска војна , за нормализирање на односите меѓу Советска Русија и тоговашниот Трет Рајх. Меѓутоа, оттогаш поминаа скоро 100 години, а и ништо во политиката на денешна Германија не дава причина да правиме паралели со оној договор. Германската канцеларка е категорична дека додека Русија продолжува да ги поддржува сепаратистите во источна Украина, Москва не може да се потпре на никакви партнерства со Западот.
Можно е за тоа недоверба кон Ангела Меркел да има сосема различни причини: можеби Американците завидуваат за тоа дека таа сака да одржува контактот со Путин, кој очигледно не му се допаќа на претседателот Обама. Или пак тајно се восхитуваат на германската канцеларка за тоа дека за разлика од нивниот претседател, не јавува избрзани некакви “црвени линии” кои потоа исто така брзо се бришат по конјуктура размислувања. Во Сирија пример претседателот Обама се закани со воени мерки ако армијата на Асад користи хемиско оружје против бунтовниците. Подоцна, кога таму навистина беше употребено такво оружје, Обама заборави на ветувањето.
Политичкиот стил на Меркел е неразбирлив за Американците
Политичкиот стил на германската канцеларка навистина е тешко разбирлив, барем од американска гледна точка. Пред да преземе каква било акција, без разлика дали станува збор за Источна Украина или за Грција, Меркел се конслултира со партнерите во ЕУ, а тоа трае неколку дена, дури и недели. Во секој случај – премногу долго, сметаат во Вашингтон.
Америка ги сака наједноставните решенија. Меркел сепак не паѓа на нив. На пример во кризата со Грција, таа е категорично против поедноставувањето на старите грчки обврски, бидејќи и други задолжени држави потоа може да го побараат истото. Германската канцеларка е и против испораките на оружје за Украина, бидејќи знае дека тоа само ќе ги зголеми страдањата на луѓето во источна Украина. А и Путин потоа би имал нов повод да растовари уште повеќе оружен арсенал.
Пред Американците да се згрозуваат од германската канцеларка, ајде прво да погледнат на резултатите од сопствената надворешна политика: Американците ги освоија своите битки во Авганистан, Ирак и Либија, но на крајот загубија цели војни. Нема никаква гаранција дека Ангела Меркел ќе постигне успех во однос на Грција или Украина. Но е и во нивен личен интерес да ја поддржат. Во секој случај, таа со ништо не го заслужи сарказмот и исмејувањето на оние во Вашингтон, кои не сфатиле дека Студената војна е завршена.
