Македонците имаат среќа што се населени на целата жица на скапоцени метали како бакар, злато и сребро и тие се генерално во планините, а не во полињата, велат експерти, кои не го делат мислењето со дел од еко-активистите и со министерката за животна средина Каја Шукова во однос на отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“.
Тие се зачудени како може министерката Шукова со завршен Технолошко–металуршки факултет, да изјавува дека земјоделието е главна економска гранка во Македонија, посебно во струмичкото поле и во Тиквешијата.
– Нелогично е да се каже дека „нема да се даде земјоделието“ кое е во целосен колапс и земјава е речиси целосно увозно зависна, а да се лежи на милијарди евра. Проценка е дека 18 милијарди евра лежат во првично истражената руда на скапоцени обоени метали во земјава. Министерката Шукова ги помешала процесите што се употребуваат во рударството и би требало да знае дека сите предвидени процеси за рудникот за бакар во Иловица се металуршки, екстрактивни и со минимален ризик за животната средина – велат рударско-металуршки инженери.
„Иднината поткрепена со наука предвидува извлекување на злато без употреба на цијанид и жива, односно со употреба на тиосулфат. Тоа е еколошки далеку помалку штетна хемикалија која има јасни предности посебно во делот на намалување на ризиците кон животната средина, во делот на касетно одлагање на суви јаловишта“, објасни инженерот Виктор Грозданов во една од своите колумни.
Целиот материјал на следниот линк!