Младата музичка ѕвезда Били Ајлиш неодамна откри дека престанала да чита коментари на социјалните мрежи, особено на нејзиниот профил на Инстаграм.
Во интервју за Би-би-си, Ајлиш била прашана дали и понатаму чита сè што е напишано во коментарите на Инстаграм, на што таа одговорила дека веќе не чита ништо преку социјалните мрежи.
„Тоа ми го уништуваше животот, одново и одново“, била искрена Били.
На тоа, брат ѝ Финеас кажал дека и познатите се само обични корисници на социјалните мрежи и ги погодува тоа што таму постојано се пишува за нив.
Во истото интервју, Били и Финеас откриле дека песната за новиот Бонд успеале да ја напишат и снимат за три дена. Почнале да работат и сфатиле дека имале доволно време и инспирација, а потоа сè одело многу лесно.
Како што велат двајцата, идејата ја добиле додека се возеле во автобус, сè запишувале, а потоа го преточиле во композиција која веќе ги освојува фановите на Бонд ширум светот.