Зошто Бразилците возат на алкохол

од Milan1
63 прегледи

Во Бразил, речиси и да нема автомобили што не возат на алкохол. Поточно, тоа е етанол или биоетанол.

Овој алкохолен супстрат се добива од шеќерна трска, а ако кажеме дека Бразил е еден од најголемите производители на шеќерна трска, работите стануваат појасни. Додадете на сето ова речиси бескрајно обработливо земјиште, екстремно напредна технологија и поволна клима, добиваме идеални услови за создавање прифатливо гориво, пишува Индекс.

Се разбира, сето ова не се случи преку ноќ. Бразил со децении инвестира во технолошкиот развој, се започна во 1970-тите. Пресвртот се случи во 2006 година кога Бразил стана енергетски независен благодарение на етанолот. Бразил има свои резерви на фосилни горива, но етанолот е тој што ја прави разликата.

Денес, автомобилите „флеx фуел“ се вообичаени во Бразил, но тие не користат гас покрај основниот бензин, туку етанол. Во 2008 година, овие автомобили имаа пазарен удел од дури 90 отсто, додека продажбата на етанол ја надмина продажбата на бензин токму таа година. Постои и трета опција, а тоа е мешавина од бензин и етанол со максимален удел на бензин од 75 проценти.

Етанолот има помала вредност од безоловниот бензин, па затоа е потребно околу 34 отсто повеќе етил алкохол за да се постигне истиот ефект. Поради поголемиот октански број на етанол (111), можно е да се зголеми односот на компресија, а со тоа и ефикасноста на моторот.

Слични содржини