
Националната банка на Унгарија купила 200000 париња муниција и 112 пиштоли за фирмата која ја обезбедува, јавува Блумберг, повикувајќи се на документите кои се поставени на страницата за јавни набавки.
Централната унгарска банка која веќе се соочува со сериозни критики за трошење на средства за купување на недвижности и уметнички дела, сега презема уште поневообичаени чекори и го зајакнува своето обезбедување. А како причина за дополнителнот обезбедување е европската мигрантска криза и најавите за бомбашки напади.

– Дополнителната заштита е потребна поради порастот на меѓународниот безбедносен ризик, вклучувајќи ги бомбашките и терористички закани како и миграцијата, напиша гувернерот на централата банка Џерд Матолчи.
Безбедносните мерки ја ставија банката во фокусот на јавноста, откако под раководството на Матолчи беа издвоени 200 милијарди форинти или 718 милиони долари за основање на фондација која ќе поддржи учење на економијата. Дополнителни 108 милиони долари кои банката ги потроши на откуп на уметнички дела меѓу кои и слика на Тицијан, навлече многубројни критики од опозициските партии.
.Матолчи, како близок човек до премиерот Виктор Орбан, тврди дека централната банка има право да троши од својот профит кој во последните неколку години намален поради тоа што ослабнатата форинта ги зајакнала вредностите на девизните резерви.