Зошто да не излегувате со маж рогоносец?

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Според студија на Универзитетот во Индијана, мажите и жените изневеруваат со истата фреквенција, но причините се сосема различни. Мажите се мотивирани од самиот секс или за да се раздвижи рутината, додека за жените тоа е емоционално бегство од реалноста.afaed41f7db9f5242ca74a2d6988af46

Дамите бараат внимание, нежност и поддршка кои очигледно им недостасуваат дома.

Токму затоа, ако на еден маж му биле ставени рогови од неговата експоловинка, треба многу да размислите дали ова е вистинскиот човек за вас.

Можеби со овој човек ќе ви биде тешко да задржите долгорочни односи, а еве и зошто:

1. Тој таи психичка рана

Маж, кој веќе бил изневерен од поранешната сопруга, таи сериозен удар на егото и самодовербата. Откако неговата жена го изневерила, таа ги повредила неговите чувства и тој може да ја лекува раната и тагата со алкохол, секс или со деструктивно однесување. Дури мажот и да изгледа сосема нормален и да се прави дека го надминал минатото, не брзајте да се врзувате со него пред да сте свесни за деталите за аферата на неговата поранешна партнерка. Треба да дознаете кои се причините предметната жена да го отфрли, ако навистина го сакала. Можеби вистината се крие во неговиот сложен карактер или во нешто друго, тешко за издржување.

2. Тој нема да може лесно да  изгради нова интимна врска

Ако еден маж преживеал тешко неверство, кое довело до разделба со партнерот, тој може да се затвори емоционално засекогаш и да се впушти во безброј кратки врски, кои ќе ги прекинува во рок од неколку месеци. Можно е тој да чувствува длабок страв да се поврзе сериозно втор пат.

3. Тој негира дека неговото однесување довло до аферата на неговата жена

Според познатиот психолог Џон Готман, кој го има поминато поголемиот дел од својата кариера во проучувањето на бракот, има пет негативни однесувања кои го предвидуваат разводот – критиката на личноста на партнерот, презирот, одбранбеното однесување, одолговлекување на проблемите и емоционалната експропријација.

На прв поглед, мажите кои преживеале неверство, можат да изгледаат перфектни, но најверојатно тие забораваат да се сетат дека пред жена им да им стави рогови, тие имале несреќен брак. Многу рогоносци не сакаат да си признаат дека имале семејни проблеми, на кои не обрнувале внимание. Тие преферираат да ја обвинуваат вонбрачна афера на екссопругата, како причина за крајот на бракот, без да се замислат за сопственото однесување.