Зошто да пиете турско кафе без никакви додатоци наместо кое било друго?

од desk4
323 прегледи

Некогаш се знаеше – кафе е она турското, што го вариме во ѓезве, а се друго е само обид да биде кафе.

Иако постојат многу видови кафе, многу луѓе едноставно, не можат да го почнат денот без миризливото, топло турско кафе. Како такво, има многу предности и бенефити пред другите видови.

Еве за што се работи:

Малку калории

Шеќерот, кондензираното млеко, шлагот, сите се вкусни, но и калорични. Во обичното турско кафе има вкупно 5 калории и ако самите не го засладите, има 0 гр шеќери.

Го забрзува метаболизмот

Кофеинот помага при согорување маснотии, но со додавање на млеко и шеќер, овој ефект практично се поништува. Според некои истражувања, турското кафе може да го забрза метаболизмот за 3-11%.

Диуретски ефект

Ако после пиење кафе ви се „брза“ во тоалет, знајте дека тоа е сосема очекуван ефект. На овој начин побрзо ќе ги испразните цревата.

Во одреден процент го штити организмот

Според повеќе лабораториски истражувања, фитохемикалиите од кафето може да спречат брз развој на клетките на ракот. Ова е докажано само во лабораториски услови, но воопшто не е лоша вест.

Слични содржини