Улогите на актерите во различни филмски продукции често ги воодушевуваат гледачите и остануваат запаметени долги години, а секој актер ги има оние улоги по кои е најпрепознатлив.
Сепак, тие често се премногу самокритични и јавно искажуваат дека не се задоволни од нивната изведба во некои од најуспешните филмови што некогаш ги снимиле.
Сите беа изненадени кога Кејт Винслет призна дека не се гордее со својата глума во култниот филм „Титаник“, во кој ја играше главната женска улога.
-За секоја поединечна сцена си мислев: „Дали е тоа можно?“. Не можам ни да го слушам мојот американски акцент. Тоа е страшно – рече Винслет, признавајќи дека актерите имаат тенденција да бидат многу самокритични.
Даниел Редклиф имаше само 11 години кога ја добил улогата на Хари Потер. И покрај тоа што филмовите за младиот волшебник го лансираа во светот на кинематографијата, актерот нагласува дека не е многу горд на сите филмови од оваа популарна франшиза, а особено на неговата глума во продолжението „Хари Потер и полукрвавиот принц“.
-Го мразам тоа. Мојата глума е многу едноставна и можам да видам дека тоа што се обидував да го направам едноставно не функционираше. Мојот најдобар филм од франшизата е петтиот дел, бидејќи можам да го видам напредокот”, признал Редклиф.