Зошто е опасен Ендру Тејт: Човекот кој ги учи момчињата да мразат жени (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Она што мажите беа Хју Хефнер, а потоа Ден Билзеријан, денес е Ендрју Тејт. Ако имате социјални мрежи, големи се шансите по 10 минути да се појави видео клип од него, каде што тој извикува голема „вистина“ за жените што „никој друг не може да ја каже“.

Се појави одеднаш, но неговата популарност не е игра на среќа. Тејт доминира на Интернет во време кога феминизмот добива на сила и зема замав низ целиот свет, а сите противници на глобалните општествени промени кои водат кон поинклузивно општество и поголеми права за жените одговорија со жесток контра-бран на омраза. Еден од неговите производи е Тејт.

Ендрју Тејт, како олицетворение на мизогинијата која никогаш не се чини дека е посилна, е персонификација на наративот дека феминизмот „ги уништува вистинските мажи, кои се чини дека полека изумираат како вид“, пишува „Задоволна.рс“.

Што порачува Тејт и зошто е опасен?

Ендрју Тејт само го повторува вековното угнетување на жените. Ги сака „старите вредности“ – вели дека жените припаѓаат во куќата, не можат да возат и се сопственост на мажите.

Тој, исто така, смета дека жртвите на силување мора да „понесат одговорност“ за она што го поминале. Тој вели и дека излегува со жени на возраст од 18 до 19 години бидејќи може да „остави трага“ на нив.

Слободно зборува и за тепање жени. Тоа најдобро го илустрира неговиот одговор на прашањето што би направил доколку сопругата го обвини дека ја изневерува.

„Би ја удирал со мачета, би ја плеснал по лицето и би ја фатил за врат. Ќути кучко“, вика Тејт.

@uk_quotesxlyric

Common W tate | #andrewtate #andrewtatemotivation #uk_quotesxlyric #fyp #viral #andrewtatequotes #andrewtate🔥✨ #andrewtatememes

♬ original sound – 🔥

Тејт е британско-американски кикбоксер кој изгради силен „мачо“ имиџ за себе. Тој позира со брзи автомобили, пиштоли и пуши пури, а редовно се појавува без маица на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emory Andrew Tate III (@cobratate)

Тој се претставува и како еден вид гуру, кој им нуди на младите мажи рецепт за заработка и освојување девојки. За неколку месеци, Тејт од непозната личност стана најозборуваниот човек на светот. Во јули имаше повеќе пребарувања на Google за неговото име отколку Доналд Трамп или Ким Кардашијан.

Како стана толку популарен?

Ендрју Тејт создаде иновативна пирамидална шема со својата онлајн „академија“.

Како што објави Обсервер, „следбениците“ на Тејт имаат задача да ги преплават социјалните мрежи со неговите видеа, избирајќи ги најконтроверзните клипови за да добијат максимални прегледи.

Илјадници членови на приватната онлајн академија на Тејт „Hustler University“ го прават тоа секој ден, со цел да манипулираат со алгоритмот на TikTok и вештачки да ја зголемат популарноста на неговите видеа. Во тоа успеаја.

За помалку од три месеци, таа стратегија му донесе огромно следење на интернет и потенцијално милиони фунти. 127.000 членови на Тејт плаќаат 39 фунти за да бидат дел од „Hustler University“, а многу од нив се момчиња.

@tateindigo

Why havent you joined?? #motivation #success #andrewtate #hustlersuniversity #linkinbio

♬ Cornfield Chase – Hans Zimmer

Правилата на TikTok конкретно забрануваат мизогинија, но се чини дека платформата не направи многу за да го ограничи ширењето на опасните видеа на Тејт.

Кој е всушност овој човек?

Тејт порасна во Лутон, син на мајстор во шах. Контроверзните изјави и шокирањето на јавноста се негова специјалност. Во текот на своите дваесетти години работел како ТВ продуцент и тренирал кик-бокс во локална теретана, а потоа почнал да се бори професионално.

Учествуваше во Големиот брат 2016 година, а беше исфрлен од реалното шоу поради видео на кое удира жена со појас. Набргу потоа се појави и второ видео, на кое се гледа како и кажува на една жена да ги изброи модринките што и ги нанел.

На неговата страница на Твитер беа пронајдени објави кои содржат хомофобични и расни навреди. Па така во септември 2017 година, тој беше критикуван од организациите за ментално здравје затоа што рече дека депресијата „не е вистинска“.

Следниот месец, тој го нападна движењето #MeToo, велејќи дека жените треба да „сносат одредена одговорност“ за силување – став што оттогаш постојано го искажува и што доведе до суспензија на неговиот профил на Твитер. После тоа јавно го поддржа Трамп, а се дружеше и со десничарот Најџел Фараж.

Обвинувања за насилство врз жените

Ендрју Тејт се фали дека е обвинет за напад на неколку жени. Во едно интервју тој опишува инцидент во кој жената му го фрлила телефонот од рака, а мажот го удрил и почнале да се караат. Во тепачката, вели, случајно удрил жена и и ја скршил вилицата.

Во периодот кога британската полиција ги истражуваше наводите против Тејт, се верува дека тој ја напуштил Британија и отишол во Романија. Во видео тој ги објаснува причините за овој потег – затоа што е полесно да се избегнат обвинувањата за силување во Романија.

„Јас не сум силувач, но ми се допаѓа идејата само да можам да го правам она што го сакам. Сакам да бидам слободен“.

Во јануари, „Дејли Мирор“ објави дека Тејт и неговиот брат Тристан „заработуваат милиони од веб-страниците на кои има снимки од жени со скриена камера“ – нешто што тие самите го опишаа како „целосна измама“.

Потоа, во април, полицијата упадна во вилата на браќата по дојава од американската амбасада дека 21-годишна Американка е држена против нејзина волја. Тие беа приведени на распит, но беа пуштени. Романските власти минатата недела објавија дека истрагата против Тејт за трговија со луѓе и силување е во тек.

Лесни пари за „злобните феминистки“

За цело време, видеата на Тејт привлекуваат милиони прегледи на TikTok. И во последните недели овој раст се забрза. Само во август, клиповите означени со неговото име беа прегледани повеќе од милијарда пати.

На прв поглед, многу од видеата изгледаат безопасно, дури и смешно. Во неговиот потписен стил на зборување, Тејт ги исмејува мажите кои пијат вода од чешма наместо газиран пијалок и луѓето кои чуваат мачки. Но, премногу од неговата содржина е сè уште застрашувачка.

Во културата на „откажување“, суровата искреност на Тејт доаѓа како олеснување и освежување за многу мажи. Јасно е дека Тејт прави сè пресметано – затоа што додека се дебатира за неговите ставови, неговото богатство само продолжува да расте. Тој ја најде „златната жицаа“ во ордите мажи и момчиња кои растат верувајќи дека парите и жените се врвните статусни симболи што им биле ветени.

Додека многу постари и поискусни луѓе можат полесно да разберат кој е всушност Ендрју Тејт, помладите генерации веднаш ќе поверуваат на секој негов збор, а популарноста што ја стекнува Тејт само ќе им потврди дека тоа е патот до успехот во животот.

Конечно, еден тажен факт што доволно зборува: Ендрју Тејт всушност има сестра, Џенин, која со години не разговарала со него, како што самиот признал, затоа што е „зла феминистка“.

 

 

Слични содржини