Зошто Елизабета II и понатаму го штити принцот Хари?

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Според експертот за кралското семејство, Ендру Мортон, кој напишал книга за односот помеѓу кралицата Елизабета и нејзината сестра Маргарет, кралицата сфаќа дека Хари и Вилијам се во иста ситуација како што биле и тие двете.

Ова секако се должи на фактот дека Вилијам е наследник, а Хари е „резерва“. Поради тоа, како што тврди Мортон, кралицата има многу разбирање за Хари и нејзината врата е секогаш отворена за него, едноставно затоа што знае како се чувствувала нејзината сестра и каква била ситуацијата со неа.

„Мислам дека кралицата знае дека е тешко да се биде во таа позиција и да се разбере дека Хари порано беше изгубена душа, исто како и нејзината сестра“, тврди Мортон.

– Секогаш и требаше да го штити Хари и мислам дека тоа е затоа што гледаше како Маргарет станува жртва на системот. Исклучувањето на Маргарет не помогна никому и Кралицата научи многу од тоа. Таа не сака историјата да се повтори со Хари – рече експертот.

На принцезата и беше тешко да најде место во кралското семејство, а бидејќи Хари одлучи дека повеќе не сака да биде дел од него, јасно е дека наследил нешто од неа.

– Кога ќе ги споредите нивните карактеристики, Хари е навистина како Маргарет. Нешто како бунтовник во кралското семејство. Маргарет еднаш рече дека непослушноста е нејзина радост, а тоа може јасно да се види во случајот на принцот. Затоа Елизабет има дополнителна емпатија кон Хари затоа што ја гледаше нејзината помала сестра и нејзината врата секогаш ќе му биде отворена, па затоа никогаш нема да го исклучи целосно од семејството – вели Ендру.

Тој исто така тврди дека кралицата многу го сака внукот, како што ја сакала и нејзината сестра.

– Таа многу го сака. Таа беше таму за него на денот кога тој ја изгуби мајка си и оттогаш е со него. Таа намерно го штити и како баба има многу повеќе разбирање за него – заклучи авторот на книгата за Елизабет и Маргарет.

Слични содржини