429
Познатата холивудска актерка Ева Мендез важеше за една од најубавите жени во Холивуд. Таа се повлече од јавноста пред пет години и целосно се посвети на мајчинството и престана да снима филмови.
Ева го запозна сопругот, славниот актер Рајан Гослинг, на снимање на филм во 2011 година, а парот подоцна се венча во строга тајност и никој не знае кога и каде. Таа го роди своето прво дете, ќерката Есмералда, пред пет години, а две години подоцна ќерката Аманда.
По раѓањето на нејзината прва ќерка, Ева реши целосно да се посвети на семејството и на сопствената модна линија, а во ретките интервјуа кои ги даде по повлекувањето од светот на актерството, во неколку наврати истакна дека ужива во мајчинството.