Познатата актерка Гвинет Палтроу годинава наполни 50 години и традиционално објави своја фотографија на која е целосно гола.
Имено, Гвинет секоја година на својот роденден објавува по една ваква фотографија на својот Инстаграм. На овој начин Гвинет покажува дека го прифаќа своето тело и процесот на стареење и дека има голема самодоверба.
Својот профил на споменатата социјална мрежа често го користи за давање совети на другите. Актерката сака да снима видеа во кои ги открива своите искуства, па еднаш зборуваше за промените со кои се соочува нејзиното тело откако сфатила дека влегува во менопауза.
Освен што споделува совети за женска грижа, актерката е застапничка и за многу чудни трендови, кои често се критикувани од експерти.
Сепак, најголемо внимание привлече кога го започна својот бизнис.
Гвинет Палтроу го создаде својот бренд, наречен „Goop“ во 2008 година. Интересно е што на таа страница често може да се видат чудни производи кои воопшто не се евтини.
Еден таков производ беше сет за реплика на нечија машкост. Овој производ се вика „Clone a Willy“ и чини 40 евра.
„Овој сет ви овозможува да создадете точна, вибрирачка реплика на вашата машкост за да може вашата сакана да ужива со вас дури и кога не сте во близина“, се вели во описот на производот.
Најбизарниот производ дизајниран од Палтроу е миризливата свеќа која се вика „Ова мириса како мојата вагина“.
Цената на свеќата е околу 75 евра, а е опишана како „забавна, убава, секси и прекрасно неочекувана“.
Гвинет ја запрепасти јавноста кога си купи вибратор како божиќен подарок. Ова, очекувано, наиде на осуда од јавноста, бидејќи се работи за голем празник, денот на раѓањето на Исус Христос, па затоа американските читатели ја осудија Гвинет.