Зошто хавајскиот остров се претвори во пепел? Ова се можните причини за огнената стихија кој носи се пред себе

од Nikola Popovski
309 прегледи

Пожарите не се „непознаница“ за Хаваи, но оние што избувнаа во последните денови се сметаат за едни од најлошите во историјата на архипелагот. Нивните последици беа разорни, а се уште се истражува што точно ги предизвикало.

Ураганските ветрови и сувото време придонеле за пожарот. Сушата во големи делови на Хаваи, вклучувајќи го и целиот остров Мауи, исто така одигра улога.

Околу 14 отсто од државата се соочува со тешка или умерена суша, додека 80 отсто од Хаваите се класифицирани како невообичаено суви.

Минатиот месец на Мауи биле пријавени повеќе шумски пожари кои накратко го затвориле локалниот автопат. Предупредено е дека „ризикот од пожар во оваа сушна сезона е зголемен“.

Островот бил под црвен аларм поради опасност од пожари

Некои делови на Хавајските острови се покриени со треви кои се позапаливи од домашните растенија. Тоа, заедно со сушата, може брзо да го разгори пожарот.

Мауи бил под црвен аларм за зголемен ризик од шумски пожари пред да избијат. Силните ветрови од ураганот Дора дополнително придонеле за страшните сцени.

Гувернерот на Хаваите Џош Грин изјавил дека пожарите се „најголемата природна катастрофа“ во историјата на државата.

Никогаш досега не сме имале пожар да зафати град на ваков начин, рекол тој, истакнувајќи дека климатските промени создаваат невиден притисок врз Хаваите.

Последниот голем пожар се случи во 2018 година во Лахаина, истиот град што беше опустошен од пожари оваа недела. Тогаш уништени биле 2.000 хектари земја, 31 возило и 21 зграда.

Пожарите некогаш беа релативно ретки на Хаваите, но човечката активност ги направи почести и поекстремни.

Слични содржини