Зошто источните земји се толку против

од desk3
75 прегледи

Од сите земји во Европа источноевропските се најстроги кон Грција. Балтијците, Словаците и Словенците ги надминаа своите кризи со драстично штедење. Сега тие не сакаат повеќе да плаќаат за една побогата земја.

a8a5e668143f2fb4b67a98cebc3fc5dc

Кога станува збор за Грција, Далија Грибаускајте изгледа иритирана веќе доста време. Таа е претседател на Литванија, а до 2009 година беше европски комесар за финансии и буџет. Конечно, таа се најде во Брисел откако Алексис Ципрас профучи крај неа со насмевка на победник. Таа остро изјави на микрофонот: “Ни беше ветено денес да добиеме нови предлози. Но за Грција” денес ” ‘значи ” некогаш “. Во Европа, меѓутоа не може да се вели” некогаш “.

Едвај некаде во еврозоната критиките против владата на СИРИЗА и нивното однесување во преговорите се толку сурови како пто се во источноевропските земји членки на еврозоната Литванија, Латвија, Естонија, Словачка и Словенија. Во изминатиот четврт век тие извршија два пати болни реформски процеси и денес се гордеат со постигнатото.

Уште пред 25 години, кога беа дел од советската половина на светот, тие ја споделија оваа судбина со сите кои припаѓаа кон овој блок: една толку неефикасна, толку бирократска и угнетувачка држава, со тешка економија, сиромаштија, изолација.

Тие се ослободија од тоа. Ја укинаа агресивната држава, го поедноставија даночниот систем и ги приватизираа претпријатија. Тоа ги чинеше работни места на стотици илјади луѓе. Но, во почетокот на новиот милениум тие ги жнеат плодовите на овие напори: Естонија пример еволуираше како средиште на информатичката технологија, Латвија и Литванија станаа центри на трговијата меѓу Русија и Скандинавија. Стабилниот раст на Словачка се базира на инвестиции во автомобилската индустрија – “Киа” и “Фолксваген” високо ја вреднуваат работна сила и ниските плати. Словенија уште од времето на Југославија беше продуктивен центар.

Потоа сепак дојде економската криза од 2008 година, растот само за неколку месеци помина во пад. Во Естонија пример растот пред тоа беше над дваесет проценти, а во 2009 година се намали до 14 проценти.

И источните не неа пошштедени. “Ни претстои година во која секој ќе биде погодена од економската криза”, изјави тогаш претседателот на Латвија Валдис Затлерс. Таму, како и во другите земји владите наложија на своите народи намалување на платите до 40 проценти плус кратења на работни места и намалување на трошоците во социјалниот систем.

Словачка ја ослабе социјланта заштита, Словенија оствари важни банкарски реформи. И никој не протестираше. “Уште не сме навикнати толку со благосостојбата”, ја објасни еднаш трпеливостта на источните земји шефот на полската национална банка Марек Белка. Освен тоа пред неколку години тие утврдија од лично искуство дека можат да ја надминат кризата со реформи кои го заслужуваат страдањето.

Денес буџетот на балтијците е еден од најпознатите долгорочни во ЕУ, долгот на Естонија е едвај десет проценти од нејзиниот бруто домашен производ. Невработеноста се намалува, економијата расте.

Како што членовите на еврозоната источните даваат свој придонес за спасувачкиот фонд Европски стабилизациски механизам, сега и тие треба да одвојуваат пари за спасување на земја во која просечната плата е речиси двојно повисока од онаа во Латвија.

Оваа перспектива се дочекува со незадоволство. “Четири месеци се обидувавме да ги почитуваме предизборните ветувања на СИРИЗА”, рече словачкиот министер за финансии Петер Кажимир. “Кога некој ветува да симнува ѕвезди и не може да го исполни отоа, не треба да обвинува кого и да било друг”, рече тој.

Словачкиот премиер Роберт Фицо одамна се жали. Тој едноставно не може да им објасни на своите сонародници зошто треба да плаќаат за пензионерите во Грција, откако пензиите во Карпатите се половина пониски. При почетокот на преговорите оваа недела во Брисел, министерот за финансии Кажимир рече дека евентуално намалување на долгот е “црвена линија” за Братислава.