Зошто мажите обично изневеруваат, а зошто жените

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Ново истражување ја открива причината зошто мажите, а зошто жените обично изневеруваат. Резултатите се многу изненадувачки.

Имено, Алиша Волкер, брачен советник, во својата нова книга откри дека мажите обично бараат љубовница кога се желни за нежност.

Од друга страна, припаднички на понежниот пол се оние кои очекуваат само секс од љубовниците без приврзаност и емоции.

Таа тврди дека, иако ние обично ги доживуваме мажите како пожелни за интимни врски и веруваме дека на жените им е потребна романса, тоа не е сосема точно.

Повеќето од мажите со кои зборувала Алиша всушност биле желни за нежноста и вниманието што не го добиле од своите партнерки. Алиша за порталот The Sun  изјави дека мажите само сакаат жените да им даваат комплименти и да ги фалат, како и да ги слушаат нивните секојдневни приказни.

Таа додаде дека жените генерално сакаат секс без обврски кога станува збор за изневерување и избегнуваат мажи кои лесно се врзуваат.

Овој пристап кон измама, сепак, е во спротивност со она што го откри истражувањето на Superdrug Online Doctor во 2017 година.

Се тврдеше дека најверојатната причина зошто мажите изневеруваат е тоа што тие ним едноставно физички им се допаѓала одредена личност.

Од друга страна, жените пријавиле дека изневеруваат затоа што нивниот партнер не им го покажал потребното внимание дома.

Слични содржини