Зошто многумина мислат дека покојниот О Џеј Симпсон биолошки татко на Клои Кардашијан?

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Со години се шпекулира дека реалити ѕвездата Клои Кардашијан е всушност ќерка на покојниот О Џеј Симпсон. За тоа почна да се зборува откако Крис Џенер ги објави своите мемоари „Kris Jenner and All Things Kardashian“ во ноември 2011. Во книгата таа призна дека имала афера додека била во брак со покојниот адвокат Роберт Кардашијан.

Откако Роберт се разделил од Крис, тој се оженил со Јан Ешли. По смртта на Роберт во 2003 година, Ешли тврдеше дека ѝ рекол дека Клои не е негова биолошка ќерка. „Тоа ми го кажа откако се венчавме. Јас реков: „Добро“.

Оттогаш се шпекулира дека Симпсон, кој почина во април оваа година по битка со ракот на простата, е вистинскиот татко на Клои. Инаку, Роберт беше адвокат на Симпсон кога спортистот беше обвинет за убиство на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман во 1994 година. Симпсон беше ослободен од сите обвиненија во 1995 година.

Крис ја терал Клои да направи тест за татковство, таа не го сакала тоа

Клои и Симпсон повеќепати јавно зборуваа за овие шпекулации и ги демантираа. За ова се зборуваше и во една епизода од серијата Keeping Up With The Kardashians во 2012 година. Во таа епизода, Џенер патува во Тексас каде што живееше Клои со нејзиниот тогашен сопруг Ламар Одом.

„Знам дека сите овие гласини се смешни“, рече Џенер додека се обидуваше да ја убеди својата ќерка да направи ДНК тест.

„Но направи го тоа за мир на умот“, додаде таа. Крис ги убедила нејзините други деца Ким, Кортни и Роб Кардашијан да направат ДНК тестови за споредба. Клои, сепак, не го сакала тоа.

„Мамо, не ми е гајле што велат другите луѓе. Сериозно, татко ми е Роберт Кардашијан. Другиот татко ми е Кејтлин Џенер. Благословена сум што имам двајца неверојатни татковци. Не ми треба ДНК тест за да докажам кој е мојот татко“, рече Клои.

Симпсон, исто така, се осврна на гласините, иако години подоцна.

„Отсекогаш мислев дека Крис е слатка девојка. Таа беше навистина слатка, но излегував со супермодели“, рече Симпсон на подкастот „Full Send“ во декември 2022 година. „Гласините не се точни. Тоа воопшто не е вистина“, додаде тој на прашањето кога го прашаа за озборувањата што кружат за него и врската на Клои.

Слични содржини