„ЗОШТО МОЈАТА СЕДА КОСА Е ПРОБЛЕМ, А НА КЛУНИ НЕ? Позната актерка критикувана затоа што не се фарба

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Добро е познато дека стареењето, брчките и седата коса не им простуваат на славните актерки и пејачки во Холивуд, дури и најчестото сценарио е всушност познатите дами да минуваат низ страшната тортура од морничави коментари, брутални прозивки и навреди.

Токму тоа на својата кожа го почувствува актерката Енди Мекдауел (64), чиј заштитен знак беше заводливата кафена коса со бујни локни. Таа денес гордо ја носи седата коса и е подеднакво убава и плени, но има и такви кои и замеруваа.

Никој не го избегнал стареењето и седата коса, па повторно, тие се уште се табу. Така, дури и Мекдауел, со својата прва седа коса, беше советувана од менаџерите повторно да ја обои. Актерката, пак, остана упорна да ја остави нејзината природна коса да расте.

„Моите менаџери всушност ми рекоа: „Не е време“, а јас одговорив: „Мислам дека не сте во право, ќе бидам помоќна ако се прифатам себеси“, беше отворената ѕвезда на филмови како „Four Weddings and a Funeral“, „Groundhog Day“, „Hudson Hawk“ и многу други.

„Добронамерен“ совет следеше откако реши да не ја фарба косата и пред големи настани како „Оскарите“ и слично. Сепак, таа истраја на тоа и никогаш не зажали за одлуката.

„Кога го направив тоа, ми беше толку јасно дека моите инстинкти се во право бидејќи никогаш не сум се чувствувала помоќна. Се чувствувам поискрено. Се чувствувам како да не се преправам. Се чувствувам како да се прифаќам себеси таму каде што сум. Се чувствувам удобно. И на многу начини, мислам дека тоа е повпечатливо на моето лице. Едонставно се чувствувам како да ми одговара“, посочи таа.

Актерката инспирацијата ја пронашла токму во жените надвор од јавната сцена, а признала и дека многу страдала затоа што постојано се очекувало да изгледа младо. Меѓутоа, сега конечно и е доста.

Таа без двоумење зборуваше за лицемерието во Холивуд, откако седата коса кај мажите е плус, како што е случајот со Џорџ Клуни, но истото право, достоинствено стареење, им е одземено на жените.

„Го сакаме постариот маж. Ги сакаме мажите како што стареат. и размислете како размислуваме за зрелите мажи и како размислуваме за зрелите жени и навистина да почнеме да оценуваме што зборуваме и што очекуваме. Мораме! Има промени што треба да се направат за мојата генерација и за следната генерација жени. Само сакам луѓето да размислат за тоа, тоа е се“, заклучи таа,

Слични содржини