Зошто на Вељаноски не му се чита чл.15 ст.4 од Изборниот законик и чл. 5 и 67 од Деловникот !?

од desk3
78 прегледи

И како што може да се очекува, деновите пред евентуланата лидерска средба во Виена се случуваат низа политички тектонски поместивања. “Аберите за повлекување на аболицијата” од странство не престануваат, а Заев денеска пак ги испорача условите за одењето на опозиционерите во главниот град на Австрија. И кажа дека ќе одат само ако Иванов ја повлече аболицијата и  се свика Собранието за одложување на изборите…

И како и секогаш досега кога ќе биде прозван реагира екпресно, без разлика дали е во право или не, писмено се произнесе спикерот (првиот меѓу еднаквите) Трајко Вељаноски со негово објсанување зошто неможел да го свика Собранието по барање на опозицијата.

Трајко-Вељановски-2

Ова се неговите аргументи.

“Во врска со прес конференцијата на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од 20 април 2016 година, во која, меѓу другото, беше побарано свикување на пленарна седница на Собранието на Република Македонија за одложување на изборите од 5 јуни 2016 година, сакам да го истакнам следново:
Согласно членот 63, став 6 од Уставот, цитирам: „Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници“. Во контекст на ваквата уставна одредба, сакам уште еднаш да потенцирам дека пратениците од осмиот состав на македонскиот парламент, ваква одлука со значително мнозинство веќе донесоа, односно тие се распуштија. Тоа во суштина значи дека било какво свикување на седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата. Во оваа смисла, сакам да и’ укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оценка на уставноста – Уставниот суд уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање при што, крајно логично заклучува дека, цитирам: „со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“.Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија.”-напиша Вељаноски.

А сепак ќе повторам, дека на политичар не смее да му се верува па макар тоа да е и Мајка Тереза, и ќе ги резгледаме уставните одредби за оваа проблематика, но и законските и деловничките.

И ете ќе се најдат аргументи дека Вељаноски или не ги дочитува Уставот и законите, или така “му чини” за на телевизија. Го цитира ставот 6 од членот 63, а не го цитира ставот 1. Веројатно се надева дека Вие како граѓани нема да проверувате дека тој си чита и толкува како сака. Еве го членот, corpus delicti во политичка смисла, како факт дека мандатот на пратениците трае се до конститувната седница на новоизбраниот собраниски состав.
Член 63

Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.

Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.

Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.

Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.

трајко
И сега веројатно кога би се убедувал со спикерот или некој друг кој брани и партиски или др. интереси, би ме убедувал дека во Уставот никаде не пишува кога завршува мандатот на пратениците, ќе кажам ДА не пишува во Уставот, ама пишува во Изборниот законик во Собранието во РМ. И тоа во чл.15ст.4 од Законот . И еве што вели тој член:

 

Член 15
(1) Изборите за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.
(2) Предвремени избори за пратеници се спроведуваат во согласност со одредбите на овој законик, а сите рокови за изборните дејствија се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања.
(3) Роковите за спроведување на изборните дејствија од ставот (2) на овој член со роковникот ги утврдува Државната изборна комисија.
(4) Мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години.

SOBRANIE-109-
И сега “шу праиме”. Пратениците имаат мандат!

И ајде да го отвориме сега и Деловникот на Собранието, и ќе ја надеме првата работа што Вељановски и неговата дружина ќе сакаат да ја скријат, а тоа е чл. 5 ст. 1.
Член 5

(1) Собранието е во постојано заседание.
(2) Одморот на Собранието трае од 1 до 31 август.
(3) Претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието.

А дека Собранието е во постојано заседание го потврдува и чл. 66 од Уставот на РМ. Ова го кажувам за да нема дилема околу заседанијата , за да нема после “кршења на јазици ” околу тоа дека тоа не го пишувало во Уставот на РМ, а  Деловникот на Собранието бил противуставен во оваа одредба..

Член 66

Собранието е во постојано заседание. Собранието работи на седници. Седниците на Собранието ги свикува претседателот на Собранието. Собранието донесува деловник со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
И сега се доаѓа до заклучок, мандатот на пратениците им е од конститутивна седница до конститутивна седница, а Собранието во истиот тој период постојано заседава!

И сега “шлагот” на целава политичка приказна членот 67 ст. 2 од собранискиот Деловник каде стои следнава реченица ” Претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници”. И да таа е реченицата која кажува се… некогаш се влегува во дебата дека пишува “може”, а не “мора”, со што се остава Вељановски по сопствена желба да свика седница , а државата му е во политичка криза со разноразни обвинувања за странски служби, интервенции , сили др…дрн…дрн… како што гледаме на ТВ.
Член 67

(1) Седница на Собранието свикува претседателот на Собранието.
(2) Претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници.

Член 68*

(1) Решението за свикување на седница на Собранието со предлогот на дневниот ред и материјалите по прашањата што се предлагаат за дневниот ред за седницата, на пратениците им се доставуваат најмалку десет работни дена пред денот определен за одржување на седницата.
(2) Во итни случаи, претседателот на Собранието може да свика седница и во пократок рок од десет работни дена, а дневниот ред со материјали може да го предложи и на самата седница.
(3) За свикување на седницата и за предлогот на дневниот ред, претседателот на Собранието ги известува претседателот на Републиката и претседателот на Владата.
(4) Седница на Собранието се одржува во времето од 11,00 до 18,00 часот, со пауза од еден час, ако претседателот на Собранието, за одделни седници поинаку не одлучи.

И да сумираме пратениците имаат мандат, Собранието е во постојано заседание и 20 пратеници можат да бараат свикување на Собранието, а тоа не се случува!

Перверзија! Да ги потсетиме сите носители на функции дека државата не е “нивата на татко им, па ќе ја ораат како сакаат и каде сакаат”… ама СЈО си истражува и натаму, бидејќи ваквите работи не се случуваат прв пат….

ФЃ