Зошто ниеден папа никогаш повеќе нема да се вика Петар?

од Љубиша Владимиров
102 прегледи

Папата Франциско почина денеска на 89-годишна возраст, потврди Ватикан. Тој почина еден месец по отпуштањето од болница, каде што пет недели се лекуваше од инфекција што прерасна во билатерална пневмонија. Со смртта на папата Франциско, Католичката црква влегува во нова фаза, избор на негов наследник. Откако ќе биде избран новиот папа, ќе му биде понудено да избере име кое ќе го носи до крајот на својот понтификат.

Зошто новиот папа не може да се вика Петар?

Името Петар го носел првиот папа – Свети Петар, кого католичката традиција го смета за апостол на Исус и прв поглавар на Црквата. Токму поради оваа исклучителна симболика и значење, името Петар има посебно место во историјата на папството. Еве неколку главни причини зошто новиот папа веројатно никогаш нема да го избере името Петар Втори:

Почит кон Свети Петар
Свети Петар се смета за „карпата“ врз која Христос ја изгради Црквата. Преземањето на неговото име може да се протолкува како обид за изедначување со него или присвојување на неговата единствена улога во историјата на Црквата.

Историска и симболична уникатност
Сите досегашни папи, повеќе од 260 на број, го избегнале името Петар токму поради неговиот уникатен статус. Се смета дека Свети Петар е над сите други папи – тие се само негови наследници.

Пророштва и легенди
Постојат и некои црковни пророштва и легенди, како што се таканаречените Пророштва на свети Малахија, според кои папата по име Петар ќе биде последниот пред „крајот на светот“ или големи превирања. Иако Црквата не ги признава овие пророштва како официјални, тие дополнително придонесуваат за табуизирање на ова име.

Слични содржини