Францускиот претседател објави војна и допушти грешка. Оланд го направи токму она што сака ИД: тој ја усвои идејата за еден голем конфликт. Сега на исламистите ќе им е уште полесно да привлечат лабилни млади луѓе кон џихадот-пишува DW.
Како и да го погледнетe, исламистичките напади врз невини луѓе во Париз беа катастрофални. Минатиот петок Франција доживеа една од најтешките напади по Втората светска војна. Се знае и кој е сторителот: блискоисточната терористичка организација “Исламска држава” (ИД) и нејзините поддржувачи од Франција и други европски држави.
Но дали земјата навистина се наоѓа во војна, како што тврди претседателот Оланд? По кратките мигови на жалост , тој тргна да ја докажува својата решителност и даде наредба за бомбардирање на осомничени позиции на ИД во Сирија.
Досега Оланд не побарал поддршка од партнерите во НАТО. Истовремено Кушнер Ле Бриан за прв пат во историјата на ЕУ повикувајќи се на член 42.7 од договорите ги замоли останатите земји-членки “да сторат сé што можат” и да покажат “помош и поддршка на Франција поради вооружениот напад врз нејзината територија” . Кон таков чекор не прибегне ниту шпанската влада по Мадридските напади со над 200 убиени во 2004 година, ниту Британците по нападите во Лондон во 2005.
По сценариото за “судирот на културите”
Член 42.7 во европскиот договор е пандан на член 5. во договорот за НАТО. Можеме да го наречеме “тешката артилерија на Унијата”. Таа сепак едноставно не врши работа во случајот. Всушност француската влада прави токму она што го сака “Исламска држава”. Таа ја прифаќа идејата за еден голем конфликт. Таков каков што денес исламистите се обидуваат да глумат како “судир меѓу културите”. Така на нив ќе им се даде уште полесно да привлечат лабилни млади луѓе кон идејата за џихадот.
Дали ИД може да биде победена со воени средства? Гаранции за тоа нема, но не е невозможно. Секој сепак знае многу добро дека не може да биде освоена “војна” против радикалните исламисти тука во либералните европски демократии. Освен тоа ако во Европа продолжува да се зборува за “војна”, тоа ќе ги разгори и уште една штетен тренд: во секој муслиман да гледаме потенцијален бомбаш.
Земјите од ЕУ се сретнаа со голем проблем. Тие едногласно одговорија на барањето. Немаше како да ја одбијат на Франција, бидејќи тоа би било недостаток на солидарност. Значи сепак француската влада ги направи заложници на една своја лична, сомнителна политика.
Точно е дека на Франција може да добие поддршка на различни начини. И не е задолжително таа да биде воена. Францускиот министер за надворешни работи сепак експлицитно истакна дека размислува на пример за воена помош при операциите во Сирија, Ирак и Африка. Односно, се зголемува притисокот врз Германија и неколку други држави да се вклучат во воените операции.
Како требаше да реагира Оланд?
Реакцијата на Оланд и француската влада изгледа премногу претерана, а причината за неа е не толку стравот од исламизмот, колку стравот од десно-радикалниот Национален фронт во пресрет на локалните избори во Франција. Еден претседател, кого до сега го сметаа за слаб и непопуларен, одеднаш се манифестира како политичар на силна рака, само и само да повлече малку од инерцијата, која ја собрале десничарите.
Но оваа сметка е погрешна. Еден силен претседател треба да каже на својот народ дека Франција нема да дозволи никому да ја одземе слободата и нејзиниот начин на живот. Наместо да зборува за војна, Оланд е должен да емитува спокојство. Во последните денови многу од Французите го покажуваат токму овој став: “Не сте вие оние кои ќе ни кажете како да живееме!”. Тие се обидуваат,да се инаетат на стравувањата да живеат што е можно повеќе нормално, вклучувајќи и заедно со своите соседи-муслимани. Еве, ова е вистинската порака.
