Фејсбук и другите сервиси на таа компанија беа недостапни бидејќи корисниците не беа насочени кон вистинската адреса преку системот за имиња на домени (DNS).
Експертите за безбедност на Интернет тврдат дека е можно да станува збор за внатрешна грешка, но не е исклучено да станува збор за саботажа на инсајдери во рамките на компанијата, пренесува Ројтерс.
Хакерскиот напад е помалку веројатна опција затоа што ќе бара или координација помеѓу големи групи или употреба на техника која претходно не била користена.
DNS им овозможува на корисниците пристап до Интернет-адресите што ги сакаат.
Фејсбук ги призна проблемите што траеја со часови, но не ги коментираше причините.
Најновите информации објавени од некои американски медиуми се дека вработените се обидувале рачно да ги рестартираат серверите, бидејќи алатките и платформите не работеле во седиштето на компанијата, така што вработените не можеле да сторат ништо.
Голем број вработени во Фејсбук за Ројтерс изјавија дека не им било кажано што е проблемот.
Покрај Фејсбук, Инстаграм не функционираше исто така, ниту пак мрежите за пораки Mесинџер и Ватсап, кои исто така припаѓаат на Фејсбук.
Фото: Joel Saget/Getty Images