Зошто познатите жени си фаќаат помлади љубовници

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Љубовните врски со голема возрасна разлика сè уште се трн во очите на луѓето, а најчесто се зачудуваме за постарите жени со млади љубовници. Во светот на шоубизнисот, се надмина ова табу. Таму е нормално мажите да се барем со 10 години поголеми, но познатите жени, исто така сакаат млади љубовници.

Џенифер Лопез, наместо да запаѓа во депресија по разводот со Марк Антониј, започна да излегува со 18 години помладиот Каспер. Го правам тоа за сексот, рече таа.

Веројатно повеќето од вас се сеќаваат на љубовта помеѓу Деми Мур и 16 години помладиот Ештон Качер. Тие беа во брак цели 8 години, но Ештон избега кај Мила Кунис.

По два пропаднати брака, Шерон Стоун започна да излегува со млади љубовници, како помладиот со 27 години Мартин Мика, и Чејс Драјфус со разлика од 29 години.

Мадона неодамна објави дека љубовниците се 30 години помлади од неа. Во 2008г. таа фати прв млад играч – 28 години помладиот модел на долна облека Исус Луз.

Најважно нешто за да изгледаш млад е прекрасен млад љубовник! – вели Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп. Таа имаше доста афери со помлади мажи од неа.

Меѓу ѕвездените дами со млади љубовници се Хали Бери, Парис Хилтон, Мараја Кери, Џенифер Анистон, Сандра Булок, Камерон Дијаз, Ева Лонгорија и др.

“Младите мажи не знаат што прават, но тоа го прават цела ноќ …”, вели Мадона. “Подобро да бидеш бејбиситерка отколку болничарка”, дополнува ја Ивана Трамп.