Кога станува збор за донесување на избезумени и глупави одлуки на ум веднаш ви доаѓаат моментите во кои сте биле под дејство на алкохол. Па, излегува дека да си возбуден е речиси исто толку “страшно”, тврди канадско истражување, цитирано во Men’sHealth.
Во експеримент истражувачите натерале повеќе од 100 луѓе да гледаат порно и сексуално видео, а потоа им поставиле неколку секс сценарија, за да ги видат нивните реакции.
Резултатите: “напалените“ луѓе се повеќе склони кон ризични одлуки како тоа да имаат секс без кондом. Научниците ги истражувале и одлуките и нивните реакции и надвор спалната.
Во друг експеримент нови 100 испитаници го гледале истото видео. Потоа требало да играат блек џек и покажале прилично ирационално и нелогично однесување во влоговите и играта. Авторите на истражувањето велат дека возбудената група била склона да прави и ризични трансакции со околу 13% повеќе од оние кои не биле возбудени. Практично возбудата не влијае толку на способноста за одлучување, туку на мотивацијата зад неа, изјави д-р Шајна Спарлинг, шеф на истражувањето.
Т. е. дури и човек да знае дека е опасно и несовесно да има секс без кондом, пак е склон да го дозволи, поведен од моментот кој му причинува повеќе забава и носи повеќе задоволство.
Истражувањето покажува дека “запалените“ луѓе имаат помала самоконтрола, затоа е убаво да преземаат мерки за одредени ситуации однапред.
Што да направите?
Однапред поставете некои правила, особено кога ве очекува бурна вечер, советува Спарлинг.
Правилото за секс може да биде: “Секогаш да користам кондоми, освен ако не сум со постојан партнер / ка, кој е тестиран за различни болести кои се пренесуваат по полов пат”.
Повторете го ова правило на глас и дури и да си го напишете. Колку повеќе го повторувате, толку повеќе ќе ви се вреже во главата и дури и да сте под влијание на алкохол или возбуда, ќе биде тука.