Откритијата на т.н.. “Документи од Панама” поставуваат голем број прашања, од кои едно е мошне интересно дали за авторитарните режими е подобро да се борат против корупцијата, или да ја прифатат? Претседателите на Кина Си Џинпин и на Русија Владимир Путин не насочуваат кон два различни одговори.
Во 2012 година претседателот Си виде во корупцијата закана за постоењето на комунистичкото управување и започна широка кампања за чистење на Комунистичката партија од она што тој го нарече “тигри и муви” – корумпираните службеници и бизниси на сите нивоа на партискиот апарат и државната бирократија. До крајот на минатата година кампањата влијаела над 100 високи функционери, вклучувајќи десетина воени, неколку директори на државни компании, како и четворица високи политичари.
Критичарите на режимот имаат тенденција да го обвинуваат претседателот Си дека користи оваа кампања, за да ги елиминира своите внатрешни противници, но антикорупциската кампања е исклучително популарна меѓу општеството и многу независни аналитичари сметаат дека таа помогнала за забрзување на реформите во многу сектори како нафтената индустрија .
Претседателот Путин го следи примерот на претседателот Си, но само реторички – бидејќи за време на неговото речиси 17-годишно управување под обвинение за корупција не бил застрелан ниту еден политички “тигар”, а само неколку “муви”, ако го искористиме изразот на господин Си.
Зошто Путин толерира корупцијата
Во 2012 година претседателот на Кина Си Џинпин виде во корупцијата закана за постоењето на комунистичкото управување и започна широка кампања за чистење на Комунистичката партија.
Зошто Путин, кој е подготвен да почне вистински војни, нема желба да објави војна на корупцијата – дури откако претседателот Си докажа дека антикорупциските кампањи обично уживаат поддршката на општеството?
Само будала би тврдел дека во Русија корупцијата е мала. Неодамнешното истражување на московскиот центар “Левада” покажа дека според мнозинството Руси државната администрација е неизлечива корумпирана. Руските романи и филмови се полни со сцени со официјални лица кои земаат мито. Зошто тогаш Кремљ нема никаква желба да започне таква кампања, особено во момент кога ограничувањето на корупцијата може да ја намали негативните ефекти од падот на цените на нафтата?
Во западните медиуми е честа објаснувањето дека самиот Путин е длабоко корумпиран дека тој дури се наоѓа во епицентарот на руската корупција. Ова може и да е така. Но како човек, кој живеел на Балканот (и оттука има некоја идеја за корупцијата), сфатив дека да си корумпиран не е причина да не се објави војна на корупцијата; токму спротивното, тоа дури може да биде предност, бидејќи корумпираните политичари не мразат ништо повеќе од корупцијата од останатите.
Тоа значи дека причините за одбивањето на Путин да се бори против корупцијата, се посложени.
Од една страна, тој сфаќа дека меѓусебните обвинувања за корупција се валкани бомби за внатрешни војни меѓу елитата и тие предизвикуваат големи странични жртви. Истражувањата одамна констатирале дека корупцијата, иако да влијае најтешко најсиромашните групи во општеството, е проблем главно за средната класа – а во денешна Русија средната класа во голема мера е составена од истите тие поткупени вработени кои ќе влијаат врз антикорупциската кампања.
Од друга страна, во политиката е важно не нивото на корупција, а јавната перцепција за тоа колку е корумпирана земја, како често врската помеѓу двете не е директна. Малите и успешни реални војни можат да бидат подобро средство за промена на чувството на луѓето колку е корумпирана земја, отколку затрупан напори за ограничување на корупцијата. Врската не е причинска, но е индикативно дека по анексијата на Крим бројот на Русите кои веруваа дека корупцијата е зголемена, беше намален од 50 на 30 проценти.
Зошто Путин толерира корупцијата
Виолончелистът Сергеј Ролдугин (лево), еден од најблиските пријатели на Путин, се појави во “Досиејата од Панама”.
Но има една причина поради која корупцијата го загрижува Путин – како оружје кое може да биде искористено од неговите надворешни непријатели против него самиот. Кремљ се грижи не затоа што руските официјални лица се корумпирани, а бидејќи тоа ги прави подложни на западниот притисок, бидејќи средствата украдени од нив, како и нивните деца, се наоѓаат на Запад. Како по правило корупцијата ја сплотува елитата, но таа може да стане негов претставнил на лесни платеници. (А тоа значи дека Москва не би требало да е несреќна од обидите на Западот да ги прочисти скриени офшор сметки.)
Затоа за Кремљ главен приоритет е не прочистувањето на корумпираните елити, а нивното национализирањеи. Руските елити имаат право да бидат корумпирани, додека докажале својата лојалност. Парадоксално, но санкциите на Западот против најблиските до рускиот претседател бизнис фигури помогнаа за расчистување на сликата на некои од руските олигарси кои се сметаат за најкорумпирани што и овозможи на руската пропаганда да ги претстави како бранители на татковината.
Најважната причина за незаинтересираноста на Путин да започне војна против корупцијата е дека антикорупциската кампања ќе инспирира општеството да бара промена. Оваа кампања запалена не само гневот на општеството, но и неговите аспирации. А Кремљ се плаши најсилно токму од желбата за промена. За разлика од Кина руските раководители избегнаа да ветуваат дека животот утре ќе биде подобар, тие ветуваат само дека работите нема да се влошат. И за разлика од Кина тие можат да си дозволат тоа, бидејќи мотор на руската економија е не претприемничка енергија на општеството, туку природните ресурси.
Затоа руската влада е подготвена да го признае постоењето на корупцијата – а и повеќето подмолна пропаганда не може да ги убеди луѓето во спротивното. Но владата налеа идеа дека корупцијата е начин на живот и затоа е природна појава. Во извесна смисла корупцијата е како водката: знаеш дека боли, но може ли некој да замисли Русија без неа.
