Во средата блискиот до власта во Русија медиуи Lifenews прошири информации, кои доаѓале од истрагата за убиството на Борис Немцов и според нив тој бил следен од утрото од три автомобили кои 6 пати се менувале до атентатот. Убиецот е оставен до скали токму спроти ѕидовите на Кремљ и тој пукал во грб, откако се сретнал со жртвата. Автомобилот, кој го прибрал убиецот , чека на паркинг до Кремљ и токму на почетокот на Големиот Москворецки мост, каде беше извршен нападот. Оваа неофицијална верзија, доаѓаат од медиумите, објавена во 2011 година од скоро 6 часовните записи од незаконското прислушувањр на телефонот на Немцов, и не ги менува прашањата , напиша ден порано еден од опозициските политичари на неговиот блог.
Ви го пренесуваме коментарот на Владимир Милов, претседател на партијата Демократски избор.
Не се сомневам дека убиството на Борис Немцов е организирано од руските тајни служби. Еве кои факти и аргументи се најмногу суштински за денешниот ден:
1. Очигледна координација на убиството со прислушување
Борис ги помина последните часови од животот во кафетеријата “Боско” во стоковна куќа на Црвениот плоштад, а убијците го чекале во реонот на Големиот Москворецки мост. Но да слегува од ГУМ на југ пеш до мостот, а потоа да ја премине реката по него е доста егзотична маршрута.Обично, луѓето одат на север до Манежнија плоштад, каде има метро станици, а до станот на Борис е една станица далечина. Тој често го користеше метрото и да се земе ова егзотично решение при лошото време вечерта, би требало да го ослободил шоферот со џип Range Rover.
Зошто е важно тоа. Бидејќи шемата за движење во овој дел на Москва е конструкциски комплицирано – со затворени улици и еднострано движење, така што автомобилот на убијците може да е дојден на мостот само од улиците “Илинка” или “Варварка”. Односно убијците требало да знаеат дека Борис ќе оди пеш и ќе помине токму оттаму. Ако беше одел со автомобил или метрото, чекачите на “Илинка” или “Варварка” би биле бесмислени.
Верзијата дека украинката го насочила, звучи несериозно за таква операција – Немцов одеднаш може да каже дека го боли грбот или не сака да оди пеш по мостот. За нападот требало да се знае каде ќе се движи по ГУМ, за што било потребно да прислушува што разговарал со сопатничката .
И ако може да се спори за тоа кој може да се реши дрско да го убие Немцов на 100 метри од Кремљ, за тоа нема никаков спор во врска со тоа кој може да прислушува во реонот на Црвениот плоштад.
2. Најважното прашање – личното следење
Веќе сум пишувал за тоа како вработени на ФСБ традиционално ги следат опозициските лидери, особено 48 часа пред најголемата опозициска акција. На снимката од камерата се гледа како двајца луѓе притрчуваат до местото на убиството, а потоа си заминуваат и пак се враќаат – возможно е тие да го следеле, не знаеме. Но еве кои се конкретните прашања:
– даки е следен во тој момент Немцов
– Ако не е следен, зошто токму во овој момент е запрен мониторингот, тоа е крајно сомнително
– Ако сепак бил следен, зошто оперативните службеници не презедоа акција и не ги гонат криминалците, зошто барем не дале веднаш сигнал на оние кои се во состојба да организираат такво гонење
– Зошто убијците – очигледно добро го планирале своето дело – не се плашеле да се соочат со оперативците, задолжени за директното следење на Немцов, иако знаеле за големата веројатност од таков контакт.
Претпоставувам дека ова прашање со следењето е најслабото место на власта во инцидентот.
3. Неактивноста на Федералната служба за безбедност (ФСО)
Зоната на делото е една од најексклузивните зони со постојан надзор и патролирање од страна на ФСО. Бев многу изненаден од глупавите коментари по трагедијата дека оваа зона не претставуваат интерес за ФСО – само обидете се да направите нешто од овој мост и ќе се убедите за што станува збор, но не советувам никого.
ФСО врши не само скенирање на обезбедуваната област, но и физички патролира – деноноќно има тимови на ФСО и полицијата.
Прашањето е зошто веднаш по убиството не е организирано гонење на криминалците, откако задолжените за обезбедувањето на оваа локација веднаш добиле информации за истрелите (та нели тие треба да следат токму такви инциденти). Фактички, властите се ограничија до традиционалниотплан “Перехват”, иако имале единствена можност да започнат бркање на местото, да заповедаат блокирање на тесната, еднонасочна и долга улица “Ординка”, да ги блокираат најблиските станици на метрото.
Зошто тоа не е направено?
Ќе ви кажам зошто. Бидејќи никој не сакал да трага по кого и да е. Не знам дали постоела реално наредба од типот на “единиците на ФСО да прекинат со контролата над територијата за време на операцијата за отстранување на граѓанинот Немцов Б.Е. на Големиот Москворецки мост “, но без нешто слично пасивноста на ФСО спрема случувањата изгледа не само чудно, но и необјасниво.
Уште едно главно прашање за ФСО. Колку тие активно го следат реонот на “Илинка” / “Варварка”, би требало веднаш по убиството да имаат информации за автомобилот. За оваа теза се изнаслушавме секакви глупости со потерница автомобилот на криминалците.
4. Видеоснимката на убиството
Присутната на интернет снимка (веројатно од фасадата на хотелот “Балчуг”) е комплицирана да се толкува, бидејќи таму премногу малку се гледаат нештата. Затоа сакам да ги правам заклучоците врз основа на факти и главно на трите наведени принципиелни прашања. И сепак бројката покренува маса прашања:
– Каков е овој “чистач на снег”, кој целосно во отсуство на снег полека се движи по мостот и практичнго задскрива Борис и моментот на убиството
– Кои се двајцата кои трчаат натаму
– Какви се автомобилите кои застануваат и продолжуваат
– Зошто во првите часови по трагедијата се објави верзијата дека убиецот пукало од кола, а сега е потврдено дека тоа нема никаква врска со реалноста и властите веднаш знаеле за тоа.
Прегледувањето на снимката, за жал, само го потврдува чувство дека убиството на Немцов не е акција на смели убијци, туку планирана специјална операција со многу луѓе и прикриени. Иако уште еднаш ќе потенцирам – ова е само чувство, бидејќи видеото е толку што дека не би правел некакви кардинални заклучоци (освен еден – убиството не е извршено од автомобил, како што не убедуваа во почетокот официјалните лица).
5. Може ли убиството да е дело на приватни лица?
По анализи и консултации со поранешни соработници на тајни служби сум убеден дека тоа не е можно. Немцов беше таква фигура за неговото отстранување е потребна согласност на првиот човек во државата. Ако беше направено без негова согласност, тогаш неговиот гнев (пред сè, дека е извршено без да знае и без неговата санкција) би бил толку силен што убијците задолжително ќе бидат фатени и фрлени на црви во шумата уште пред на нивно место да гледаме некакви Чеченци кои немаат ништо заедничко.
Сите кои се лојални на системот, го знаат тоа. Да се почне сето ова без санкција од “таткото”, значи да се предизвика целиот систем и лично него. Сите овие бирократи прекрасно го знаат ова. Тие би се уплашиле да преземат нешто.
6. Кому ова му е профитабилно?
Два збора на адреса на оние кои ја поддржуваат екстремно слабата верзија дека “ова убиство не е поволно за Путин”. Да, по низа тезо тоа е неповолно и токму поради тоа што тој би требало да е бесен, ако нешто е направено без негово знаење.
Но во последната година Путин прекрасно докажа дека има сосема различни претстави за “поволнп” и “неповолно” во споредба со купиштата коментатори. Тој покажа дека е подготвен да започне војна, загуби, санкции, меѓународна изолација – сè поради некакви негови и концепти со само за нему “сакрални” и “стратешки” цели. Значи “корист” од едни или други настани може да процени единствено тој.
По повод Немцов, освен општите размислувања (за внесување на страв, да се отстрани важен човек во опозициските кругови), делува и нешто друго што ми укажа многу влијателен човек. Немцов играше многу важна улога во лобирањето за западните санкции, многу комуницираше со западни лидери и политичари на оваа тема, во високото руско раководство го сметаа во голема мера за “лично одговорен” за санкциите и за тоа дека сугерира кои санкции (пред сè кредитната блокада) ќе продејствуваат најсилно.
Во извесна смисла може да имаме некакво одмазда како во случајот на Литвиненко. Немцов е сметан не само за политичар туку и за човек, според луѓето во Кремљ, “виновен” за маките, во кои поради санкциите влезе путиновиот естаблишмент.
Една сосема реална верзија.
