Руските подморници од петтата генерација ќе бидат направени од нови композитни материјали кои ќе им овозможат да се намали звучаната забележливост на подводниот сад, соопшти весникот “Известија”. “Станува збор за нови повеќеслојни композиторни материјали. Нивната структура и состав обезбедуваат намалување на рефлектираните хидролокациски сигнали од подморницата, го спречува ширењето на вибрации од работните механизми, итн “- раскажал за изданието бродоградбеникот Валериј Половинкин.
Според него, “противникот едноставно нема да добие доволно силен сигнал од подморницата, бидејќи композитот поседува висок коефициент на внатрешни загуби (звучна гчовост), може да ги променам својствата при појава на вибрации, и целосно го спречи ширењето на колебливи движења”.
(ВИДЕО) Кремљ незадоволен од предизборен спот на Трамп
Тој појаснил дека употребата на вакви композити во конструкцијата на подморниците овозможува не само да се намали масата и да се зголеми сигурноста, но и да се намалат оперативните трошоци, бидејќи Синтетичката надворешмост не кородира и не се бојадисува. Покрај тоа конструкции од таков тип можат да се подготват во рамките на еден процес.
Сега техничките решенија врз основа на композитни материјали преминуваат во испитувања. Првата адаптивна композитно завртка може да биде претставена за реални тестови уште во 2018 година, пишува “Известија”.
