Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) денеска воведе нови санкции за Милорад Додик поради коруптивни активности и континуираната закана за стабилноста и територијалниот интегритет на БиХ, се вели во соопштението на Министерството.
Во образложението на санкциите се наведува дека Додик е на новата американска црна листа поради поткопување на стабилноста, корупција и загрозување на мировниот договор.

„Додик ги поткопа институциите на БиХ повикувајќи на одземање на државните надлежности и иницирајќи создавање на паралелни институции во ентитетот Република Српска. Покрај тоа, Додик ја искористи својата официјална позиција во БиХ за да акумулира лично богатство преку корупција, мито и други форми на корупција. Неговата етнонационалистичка реторика која предизвикува поделби ги одразува неговите напори да ги унапреди овие политички цели и да го одвлече вниманието од неговите коруптивни активности. Кумулативно, овие акции ја загрозуваат стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ и го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор, со што се ризикува поширока регионална нестабилност“, се вели во образложението.
Пренесувањето на надлежностите е голем проблем
-Новите санкции беа наметнати пред се поради дестабилизирачките коруптивни активности на Додик и обидите за укинување на Дејтонскиот мировен договор, кој е мотивиран од лични интереси, но ја загрозува стабилноста на Босна и Херцеговина и на целиот регион, изјави Брајан Нелсон, секретар на Министерството за финансии за тероризам и финансискa разузнавачка служба.
Според објаснувањето на американските функционери, Додик отворено повикал на еднострано пренесување на државните надлежности од БиХ на РС и преземал активности во насока на еднострано пренесување на државните надлежности. Тој јавно се спротивстави на меѓународно именуваниот висок претставник за БиХ и составот на Уставниот суд на БиХ. Покрај тоа, Додик јавно ги оцрни другите етнички и верски групи во БиХ.
Додик се смета за одговорен за соучесништво во корупција поврзана со Западен Балкан, директна или индиректна вмешаност во неа.
-Тој воспостави патронажна мрежа во БиХ, од која тој и неговите соработници имаат корист. Како еден од примерите за неговите коруптивни дејствија, Додик им дал владини договори и монополи во РС на директно блиски деловни соработници. Тој се занимавал со поткуп и дополнителни коруптивни активности, за да ги реализира своите лични интереси на штета на граѓаните на Република Српска, се заклучува во образложението.
Фото: PIXSELL