Зошто санкциите против Русија ќе рикошираaт врз САД

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Американската администрација ги смета санкциите против Русија за евтина политика која евентуално ќе го принуди Владимир Путин да го смени курсот во Украина.

 

putin vrata

Но тоа општо прифатено верување крие значителните трошоци. Исто како користењето на дронове против осомничени терористи во Пакистан можеби создава повеќе следбеници на исламистите отколку што елиминира, така исто и  бранителите на санкциите не размислуваат за ненамерни последици од оваа политика – последици кои можат да се покажат далеку штетни за американските интереси од агресијата на Кремљ во Украина.

Прво, преку употребата на економски и финансиски санкции против Русија за нејзините дејства во Украина, САД – архитектот и главен корисник од глобализираниот систем за трговија и финансии – еја ксплоатира интеграцијата на постсоветска Русија во овој систем. Годините на заемно корисен напредок, кој постигна 140 милиони. Руси во орбитата на глобалното економско управување, сега да бидат ставени  под прашалник. Дури санкциите да успеат да го променат однесувањето на Кремљ и бидат откажани, основите на американската цел на интеграцијата на Русија во глобалната економија се поткопани.

Второ, употребата на санкциите ги информира останатите за стратешката опасност од интеграцијата во предводена од САД глобален  финансиска систем. Каков и да е исходот од интервенцијата на Русија во Украина и каква и да е судбината на г-дин Путин, другите кои не се сојузници на САД, веќе ја научиле лекцијата дека тешко освоената институционална интеграција може да биде користена против земјите коиќе  ја постигнат.

Трето, додека постои сомнеж дека санкциите предизвикаа значителни трошоци на водечките компании во сопственост на државата и поврзани со неа им штетат на истомислениците на г-дин Путин. Индиректните штети на независни, приватни претпријатија во Русија се неспоредливо полоши. Бизниси без политички протекција ќе забележи пад во продажбата, запрен пристап до финансии и одложување на инвестициите за неодредено време. Овие претпријатија кои оддаваат најголемо значење на интеграцијата на Русија со Европската унија и САД, ќе бидат погодени најтешко.

Најсмелите приврзаници на Западот меѓу класата на малите претприемачи во Русија сега можат да ја загубат својата одбрана, додека државните банки и енергетски компании продолжуваат да бидат заштитени од нивниот пристап до владин кредит добиен под поволни услови.

Четврто, наметнувањето  санкции на Русија, кога таа веќе паѓа во надолна економска спирала, Вашингтон   на г-дин Путин му  даде моќен политички инструмент да се префрли вината за последиците од неговите сопствени погубни решенија во Украина. Кремаљскиот модел на “државен капитализам” веќе доживува тешкотии и неговата презентација ќе беше слаба без геополитичкиата катаклизма, кој г-дин Путин  ја создаде. Американските санкции се појавија токму навреме, обезбедувајќи му алиби што тој вешто ги користи за да се збуни рускиот народ за причината за економските  проблеми.

Петто, дури санкциите да се внимателно подготвени, за да казнат одредени личности, Русите на   санкциите на Западот гледаат како насочени против нив и тие се оние кои се принудени да ги  толерират вистинските трошоци на зголемената инфлација, падот на рубљата и забавениот раст. Чувството на Русите дека тие се нападнати, генерира разбирлив феномен на “поврзување”. Највисокиот рејтинг на сите времиња на г-дин Путин е еден од резултатите, другиот е речиси целосно маргинализација на гласовите против. За жал, неделната поворка во спомен на убиениот опозиционен лидер Борис Немцов, нема да го промени тоа.

Ако Русија се соочи со поголема економска турбуленции во претстојните месеци и години, САД може да се соочат со повеќе тврдоглави проблеми од оние кои постојат денес. Русија најверојатно ќе стане воинствена ако надворешните економски погоди  и ја продлабочат кризата во земјата. Покрај тоа, подлабок пад во Русија може да ги влоши економските проблеми во Европската унија, со потенцијален глобален синџир ефект.

Сега, кога Вашингтон ги направил санкциите,  централен елемент на возвратна реакција против Русија, претседателот Барак Обама не може едноставно да се откаже од нив. Наместо тоа, тој мора да ги користи како средство за договарање на сите решенија  кои вклучуваат некои компромиси.

Првиот круг од санкциите имаше смисла. Со анексија на Крим, Русија не само што ги погазил главните меѓународни правила, но исто така го  цементира колосалноите  прекршување за децении напред. САД мораа да покажат дека таква повреда наметнува трошоци, за да се спречи Русија да создаде опасен преседан. Би требало уште да има корист од насочени конкретно кон Крим санкции кои ја  спречуваат Русија да добие профит од анексија. Русија без сомнение ги  прекршила меѓународните правила и во источна Украина. Но, за разлика од Крим, е можно таа да почне да ги почитува повторно во блиска иднина. И уште санкции нема да ги променат пошироките стратешки цели на Русија во дворот од нејзината куќа.

Многу политичари прашуваат: “Што друго можете да направите?”. Тоа е добро прашање. Бидејќи никакви остварливи принудни мерки би можеле да го попречат на г-дин Путин да ги поддржи бунтовниците во источна Украина, единствениот избор беше, и сеуште е да се преговара – како да се ограничи страдањето што Кремљ може даго предизвика на незаштитеното население, така и да се избегне пошироката и опасна конфронтација, слична на Студената војна. Но преговорите ја опфаќаат само Украина, слична на оние во Минск минатиот месец, во најдобар случај ќе доведат до привремено примирје во конфликтот меѓу Русија и Западот. Единствено повеќе сеопфатен  договор за безбедноста во регионот може конечно да стави крај на конфликтот. И укинување на санкциите може да се користи како адут за добивање на договор, кој ќе издржи.

Алтернативата може да бидат санкции кои ќе го ескалираат конфликтот меѓу Вашингтон и Москва, додека влијаат врз економијата и политиката на Русија на начини кои се спротивни на американските интереси. Г-дин Путин ќе добие поголема контрола врз економијата и ќе го обедини општеството околу себе, а еволуцијата на Русија како модерна, глобално интегрирана земја ќе запре. Препознавањето на овие ризици не значи одобрување на агресивното однесување на Русија. Исто како опозицијата против нападите со дронове не значи поддршка за тероризмот.

Вреди да се потсетиме дека по распадот на Советскиот Сојуз САД застанаа против кошмарното сценарио на Русија во хаос. Владата беше банкротирана, а неговата способност да ја контролира својата територија и големиот нуклеарен арсенал беше загрозена. Во тоа време, Вашингтон заклучи дека толку слаба Русија може да претставува сериозна закана за американската национална безбедност. Зошто оваа проценка треба биде различна денес?

——————

Семјуел Чарап, виш соработник за Русија и Евроазија во Меѓународниот институт за стратешки науки и Бернард Сечер, член на одборот на JFX  . Статијата е објавена во весникот “Њујорк тајмс”.