Зошто сè уште е непозната причината за смртта на Метју Пери?

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Актерот Метју Пери беше погребан во саботата на гробиштата во Лос Анџелес, една недела откако ненадејно почина во својот дом. Пери беше пронајден мртов во џакузи минатиот викенд, а причината за смртта останува непозната.

Пред неколку дена беа објавени токсиколошки наоди во кои се наведува дека Пери не консумирал фентанил или метамфетамин. Исто така, во неговото тело не се пронајдени траги од овие материи.

Тогаш извори од странските медиуми објавија дека ќе биде направен уште еден длабински тест за да се покаже дали во моментот на смртта имал други недозволени супстанци во телото.

Може да се чека уште неколку месеци за тие резултати…

Пред неколку дена се огласи доктор Мајкл Баден, кој за Фокс њуз изјави дека е чудно што се уште не се знае причината за смртта на популарниот актер.

– Да умреше Пери од срцев удар, тоа веднаш ќе се видеше, веднаш ќе го кажеа тоа – рече тој и додаде дека мора да има причина зошто молчат за тоа.

Баден истакна и дека е можно актерот, со оглед на тоа што бил пронајден во џакузито, „да починал од давење или дури од топлотен бран“.

– Сигурно починал од природна смрт, особено кога ќе се земе предвид неговата здравствена историја – додаде тој.

Слични содржини