Зошто сексуално се возбудуваме додека сонуваме?

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Процесот на транзиција од јаве во сон, е многу сличен на оној кога телото починува. Мозокот понекогаш не може да ги разликува тие два процеса, па праќа сигнали на мускулите да се движат, со цел да знае дали сме заспале само за една ноќ или засекогаш. Речиси на сите ни се случува ова. Спиењето е едно од најголемите мистерии кои ги мачи научниците со децении. Што правиме несвесно за време на сонот?

seks-par-partneri-orgije-snovi-foto-profimedia-1453822987-832133-650x439

Шкрипиме со забите

Веројатно ова е најнепријатниот ноќен звук за оние кои спијат со личности кои крцкаат со забите поради одреден стрес или анксиозност. Бруксизмот, односно шкрипењето со забите е проблем кој повремено се јавува кај некои луѓе. Ако личноста подолг период шкрипи со забите, може да доведе до оштетување на забите.

Ноќно зборување

Некои луѓе толку многу зборуваат, што тоа го прават дури и во сон. Тоа се случува поради неблокираниот центар за говор за време на сонот при преминувањето од една фаза во друга, па мозокот не го блокира говорот на време, како што се случува најчесто. Но, зборувањето е можно и кога личноста е во полусон. Можете да ја прашате многу работи и да разговарате со неа, а кога ќе се разбуди воопшто да не се сеќава на разговорот.

Сексуално возбудување

Кога на мажите им се заситува крвта со кислород, добиваат ерекција. Тоа често се случува за време на сонот, поради што чести се и ерекциите. Сексуалното возбудување за време на сонот е сосема нормално и кај жените. Еротските соништа ги возбудуваат жените, а тоа доаѓа поради  лачењето хормони.

Она што најчесто се сонува е како некој ве гледа додека водите љубов, особено кај  жените .Ваквите соништа се чести кај жените кои имаат потреба да се препуштат, само во кревет. Табуата може да влијаат на соништата, но нејзината потсвест сака повеќе слобода. Од друга страна ова може да покаже и една скриена, егзибиционистичка страна за која можеби не сте знаеле дека ја поседувате.