Зошто Серена Вилијамс танцуваше во финалето на Супербол?

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Финалето на Супербол е еден од најгледаните настани на телевизија секоја година, а вообичаено е полувремето да биде исполнето со реклами, но и со настап на светски познати ѕвезди. Оваа година изборот падна на Кендрик Ламар, раперот кој неодамна ги победи Лејди Гага и Били Ајлиш на најголемото доделување на награди.

Меѓутоа, наместо клиповите од настапите на раперите да кружат насекаде, сигурно сте налетале на 5-те минути слава на Серена Вилијамс.

Популарната тенисерка изведе L.A. two-step танц, а нејзиното доаѓање е шлаканица за Дрејк, со кого и Ламар и Вилијамс се на „воена нога“.

Покрај мноштвото политички алузии, изведбата беше и врв на расправијата на Ламар со Дрејк.

Дури и во песната „Not Like Us“, која оваа година освои Греми во категоријата хит на годината, Ламар го нарекува својот ривал педофил, обвинувајќи го дека сака помлади жени и ја омаловажува неговата музика.

Во песната се споменува и популарната Вилијамс. Конкретниот стих во кој таа се споменува е: „From Alondra down to Central—better not speak on Serena“, во која наградуваниот рапер всушност доаѓа во одбрана на успешната тенисерка која Дрејк ја нападна во песната „Middle of the Ocean“ пеејќи неколку суптилни референци кои јасно се однесуваат на сопругот на американската тенисерка.

„Sidebar, Serena, your husband a groupie“, рапува Дрејк во песната: „He claim we don’t got a problem but, no, boo, it is like you comin’ for sushi“.

Серена и Дрејк во 2011 година наводно биле пар, но никогаш не потврдиле дека се во романтична врска. Дрејк во тоа време често беше виден како присуствува на тениските натпревари на Серена, а ја споменуваше и во своите песни.

Се претпоставува дека тоа била врска полна со подеми и падови, но сето тоа завршило кога тенисерката се вљубила во основачот на Редит, за кого се омажи во 2017 година.

Слични содржини