Зошто Сиријците не бегаат во Русија?

од desk3
125 прегледи

 

Москва е сметана за сојузник на Дамаск. Сепак сириските бегалци ја избегнуваат Русија. А оние од нив, кои сепак се одлучиле да се засолнат таму се наоѓаат соочени со огромни тешкотии. Зошто?

0,,18025167_303,00

Во Европа пристигнуваат десетици илјади бегалци. Многу од нив се од Сирија. Според податоците на ОН, бројот на Сиријците кои бараат азил, веќе надмина 4 милиони. Речиси половина од нив се регистрирани во Турција, а над 1 милион – во Либан. Од почетокот на конфликтот во Сирија, кој избувна во 2011, во Европа се пристигнати околу 350 илјади сириски граѓани.

За истиот период , руската Федерална служба за миграција примила 3 ​​338 барања за азил од Сиријци. Статус на бегалци добиле 1 774 од нив. Зошто нивниот број е толку низок?
“Никаква помош за бегалците”

“Не верувам на податоците на Федералната миграциска служба”, вели во интервју за Дојче Веле Светлана Ганушкина. Таа е претседателка на “цивилнљ поддршка” – единствената невладина организација во Русија, која во последниве децении се занимава со проблемите на бегалците. Ганушкина раководи и со активностите на мрежата “Миграција и право” на рускиот Центар за граѓански права “Меморијал”. Според неа, бројот на сириските бегалци во Русија е значително повисок – околу 10 000.
Дури и да е така, во споредба со бранот бегалци кон ЕУ оваа бројка изгледа незначителна – особено ако ги земеме предвид огромните размери на Русија. Зошто сепак Сиријците ја одминуваат? Нели Москва е сметана за сојузник на Дамаск? Нели божем Русија сака да му помага на сирискиот народ? “Сириските бегалци гледаат на Русија само како на транзитна дестинација, бидејќи нашата земја не покажува никаква помош на бегалците”, тврди Светлана Ганушкина.

Таа објаснува дека во Русија овие луѓе речиси немаат пристап до постапка за добивање на бегалски статус. “Пристигнатите во Русија бегалци не добиваат можност да се појават пред властите. Или директно се притворени и вратени назад. Има многу такви случаи”, раскажува таа.

Освен тоа, децата на бегалците тешко би пронашле работа во Русија, а нивните деца – место во руско училиште. “Доби привремен статус на бегалци имаат право да работат, но често работодавците не се запознаени со правилата и претпочитаат да не вработуваат бегалци”, вели уште Ганушкина и додава дека руските работодавците би добиле повеќе ако вработат илегални работнички мигранти наместо бегалци.
Русија и черкезите
Малку е познато дека во Сирија живеат повеќе од 100 илјади етнички черкези. По Кавкаската војна во 19-тиот век нивните предци биле населувани од Руската империја во Сирија. Во 2012 година Алберт Кашаров, тогашниот сенатор на севернокавказката област Кабардино-Балкарија, го покрена прашањето за враќањето на черкезите во Русија. “Всушност, не станува збор за враќање на овие луѓе, туку за нивно спасување”, истакна тогаш Кашаров.

Оние кои сакаат да се вратат во Русија сепак се покажаа многу повеќе од бројката која беше определена. Идејата за изградба на бегалски кампови пак не беше одобрена од руските федерални власти. По смртта на Кашаров во 2013 година сепак дискусијата на оваа тема беше пригушена.

0,,18624557_401,00
Екстрадиција наместо поддршка?

Таа беше возобновена само на почетокот на септември 2015 од Максим Шевченко од Советот за човекови права на Руското претседателство. “Данска и Норвешка ги поддржуваат овие луѓе. Во меѓувреме таму пристигнуваат повеќе черкези отколку во Русија – поради проста причина што кај нас тие не се прифатени добро”, рече тој во интервју за радио “Ехото на Москва”. Шевченко ги нарече постојните квоти “срам за мојата земја”. Во последните три години Русија прифатила само 1 500 сириски черкези. Во земјата тие добиваат поддршка само од граѓански организации, волонтери и роднини.

Сите останати бегалци од Сирија се потпираат во Русија на помошта од активисти. На нив често им се наметнува да ги заштитуваат пред властите, кои се обидуваат да ги екстрадираат назад во Сирија. Како тие да забораваат дека таму беснее граѓанска војна. “Со помош на Високиот комесаријат за бегалци на ОН пред неколку дена успеавме да запреме одлука на властите во Република Дагестан за екстрадиција на двајца сириски бегалци”, вели Светлана Ганушкина. Не е јасно, меѓутоа она што ќе се случи со останатите Сиријци во Русија.