Хиларија Болдвин се омажи за својот 26 години постар сопруг, Алек Болдвин, по само една година откако го запознала.
Иако Алек мислеше дека по бракот со Ким Бесинџер нема повеќе да се жени, следеше големо проширување на семејството. Имено, познато е дека холивудскиот актер има седум деца од вториот брак.
Двојката ги има ќерките Кармен, Лусија и Иларија и синовите Рафаел, Леонардо, Ромео и Едуардо. Покрај тоа што ја критикуваа дека се омажила за толку постар маж за пари, други ја критикуваа дека ја споделила нејзината приватност на социјалните мрежи кога во 2019 година сподели слика со стомакот и покрај неа напишала дека тогаш чувствувала дека се работи за спонтан абортус.
Исто така, таа сака да ја покажува својата затегната фигура, која наводно ја добила благодарение на јогата. Сепак, многумина коментираа дека се работи за операција, а Хиларија дополнително го сликаше стомакот за да докаже дека на него нема лузни.
Иако во биографијата често го истакнувала своето шпанско потекло, а наводно не зборува добро англиски, таа е обвинета дека лаже бидејќи пораснала во Америка, пишува „Стил“.
Хиларија успеа да стане цел на негативни коментари дури и кога нејзиниот сопруг случајно ја усмрти директорката на фотографија на сетот. По оваа несреќа се појави веста дека Хиларија е повторно бремена, а во исто време го добија шестото дете преку сурогат мајка.