Новинар од германската РТЛ ja прашал премиерката на Србија зошто земјата запрела со вакцинацијата на странски државјани и како успеала да ги набави вакцините Фејзер-Бионтек пред Германија, иако оваа вакцина е произведена од американско-германска компанија.
– Ние бевме една од првите пет земји во светот што потпишавме договор со Фајзер за испорака на овие вакцини. Тие беа исклучително благодарен партнер и сега континуирано ни доставуваат вакцини секој понеделник, сега вторник. Тие ги испочитуваа своите договорни обврски. Ние бевме една од првите земји што верувавме во вакцината на оваа компанија, потпишавме договор со нив и затоа бевме втори во Европа што примивме вакцини, по Велика Британија. Ние во Србија инициравме вакцинација со нивната вакцина – рекла Брнабиќ на англиски јазик.
Таа потоа одговорила на првото прашање и изјавила дека Србија сега е концентрирана на вакцинирање на своите граѓани, но не престанува да покажува солидарност со земјите од регионот.
– Ние сакаме да извршиме масовна вакцинација во Србија. Тоа е наш приоритет сега. Сепак, денес донесовме одлука да донираме уште 10.000 вакцини АстраЗенека на градот Сараево, така што ќе продолжиме да покажуваме солидарност со соседните земји – заклучила Брнабиќ.