Зошто странските инвеститори ја заобиколуваат БиХ?

од Vladimir Zorba
78 прегледи

 

 

Кога е во прашање инвестирањето во БиХ, експертите наведуваат дека голем проблем е комплицираната администрација и долготрајните процеси да се оствари нешто конкретно на нашиот пазар.spy_flag_bih-310x165

Стопанскиот амбиент мора значително да се промени да се олесни на заинтересираните странски инвеститори влез во БиХ. Во однос на регионот, БиХ бележи пад на странските инвестиции, бидејќи во самата стопанска атмосфера веќе со години ништо не се менува.

Владимир Богојевиќ, портпарол на Стопанската комора на РС вели дека постојат повеќе причини поради кои бележиме пад на странските инвестиции.

„Потенцијалните странски инвеститори, кога се распрашуваат за можностите за инвестирање се консултираат и со светската листа за можностите и поволностите за работа, во кои БиХ стои лошо. Меѓу причините поради кои е намален приливот на странски инвестиции е лошата деловна средина и политичката нестабилност. Исто така, не можеме да се пофалиме ни со ефикасна работа на јавната администрација ниту со владеење на правото‟ – вели за Бука Благојевиќ.

Тој вели дека ни треба сигурен систем, препознатлива, стимулативна и стабилна даночна политика, бидејќи секој сериозен инвеститор, со планирање на дејност неколку години нанапред, сака точно да знае колкави се даноците, т.е. трошоците по сите основи. Меѓутоа, Благојевиќ додава дека ние не можеме да се пофалиме со таа стабилна даночна политика, бидејќи факт е дека фискалните и парафискалните трошоци постојано се менуваат, т.е. дека често доаѓа до нови оптоварувања на стопанството.

Благојевиќ вели дека ако се споредиме со земјите во регионот, една од нивните предности е поголемиот поттик.

„При привлекувањето на странски инвестиции, треба да се води сметка за стопанските сектори и подрачјата за инвестиции, но посебно и за инвеститорите, бидејќи некои искуства покажуваат дека некои инвеститори, по извлекувањето на одредена корист, го напуштиле овој регион и оставале проблеми зад себе. Тоа што е сигурно е дека ни требаат инвестиции, но и поттик на домашните инвеститори‟- истакна Благојевиќ.

Како некои од позитивните примери на странските инвестиции во РС Благојевиќ ги наведе: Спортек Котор Варош, Хемофарм Бањалука, Напко бедс Петрово, Свислион Требиње, ЕФТ Рудник и Термоелектраната Станари, која наскоро треба да почне со комерцијална работа.

Славиша Раковиќ, експерт за финансиски услуги, вели за нашиот портал дека без оглед на нивото на странските инвестиции кои се реализирани во БиХ од војната па навака, денес имаме скромен резултат, а тој е одреден делумно од високата конкуренција, а во најголем дел од неразбирање на стварноста и концентрацијата на политичките прашања од нематеријално значење, кои ги спроведуваа политичките елити во БиХ.

Раковиќ истакна дека е едноставно БиХ да се спореди со регионот: „Тоа што ги карактеризира нашите соседи, БиХ го нема. Од еден пазар концентриран во Белград кој популациски ја надминува цела БиХ, но на помал простор, подобри комуникации, подобри квалификациски структури на населението, до еден пребогат регион Загреб-Вараждин во Хрватска. Ние сега сме во состојба во која треба да се бориме со Македонија, Албанија, Црна Гора итн, за место под сонцето; и тука имаме и некои паралелни предности. А имаме и сличност со комплексната политизираност на се и ендемска корупција, која ја уништува конкурентноста на едно општество‟ – вели Раковиќ за Бука.
Раковиќ истакна дека нашиот најголем проблем е немање на било какви инвестиции, т.е. недостиг на мотив за инвестиции.

„Бидејќи нашата берза има помал промет од обложувалниците, не треба многу памет да се констатира недостиг на амбиент. Масивниот државен апарат и перверзно малата јавна потрошувачка, споено со бесмислена фискална рамка, доведе до тоа во ова општество да расте само штедењето на граѓаните во банките. И морам навистина да ја потенцирам ендемската корупција, која го уништува и самото општествено ткиво, па да се заклучи дека со своето однесување праќаме одбивачки сигнал на инвеститорите. Значи, освен некои исклучителни параметри, на пазарот на енергијата, малопродажбата или доминацијата на пазарот на финансиските услуги, странските инвеститори тешко се одлучуваат да инвестираат кај нас, иако интерес има‟ – вели Раковиќ.

Промената е едноставна

Раковиќ вели дека „рецептот‟ за подобрување на стопанската атмосфера мора да вклучува решавање на проблемите со корупцијата.

„Таму каде државата е средена и каде добро се живее (не само мерено со платите), сите саакаат да дојдат и да работат. Затоа е тешко да се најде решение за проблемот, бидејќи не се работи за некој збир на мерки кои треба да ги донесе некоја власт, туку за вкупно унапредување на амбиентот. Секако дека сведувањето на корупцијата на толерантно ниво е предуслов, а и многу важен елемент на значајно унапредување на амбиентот‟ – истакна нашиот соговорник.

Тој потенцира дека кај нас има доста примери на успешни странски инвестиции, а воопшто странските инвеститори кои успеале да пуштат корен речиси се под радарот, не се впечатливи, а од нивните примери може многу да се научи.

„Впрочем, ние пиеме Нектар, штедиме во некои странски банки, користиме тоалет хартија и салфети од Бања Лука, а не помислуваме дека тоа се производи на странски инвестиции‟ – заклучува Раковиќ Славиша.

Од Агенцијата за развој на странски инвестиции во БиХ велат дека БиХ има пазар од околу четири милиони жители, а дека пазари со такви големини не се атрактивни за мултинационалните компании да ги фокусираат своите стратегии на нив.

Јасмина Халиловиќ, портпаролка на Агенцијата за развој на странски инвестиции во БиХ, вели дека кога одлучуваат каде да инвестираат, странските инвеститорит проценуваат повеќе аспекти на некоја земја, а еден од основните е големината на пазарот.

„Да речеме дека БиХ има пазар од околу четири милиони жители. Пазари со такви големини не се атрактивни за мултинационалните компании, своите стратегии да ги фокусираат на нив. Не се тоа занемарливи пазари, но тие не се интересни на мултинационалните компании. Имајќи предвид дека странските инвеститори сакаат дестинации за кои, покрај стабилната и транспарентна законодавна т.е. регулативна рамка, карактеристична е и политичката и економската стабилност, големината и силата на пазарот, достапноста на суровините и работната сила под поволни услови итн, јасно е дека овие критериуми тешко може да ги задоволи било која земја од регионот‟ – вели Јасминка за Бука.

Таа истакна дека за да се компензира овој недостиг, обединувањето на понудата и потенцијалите и презентирањето на регионот како целина, може многу да помогне во зголемување на неговата атрактивност. Покрај другото, Јасмина додава дека на овој начин се праќа порака и за политичката стабилност на регионот, непостоење на административни пречки, како и проодноста на идеите и капиталот во регионот.

Јасмина вели дека БиХ пружа широк избор на инвестициска можност во различни сектори, а истовремено имаме и голема понуда на многу ефтин производно-деловен простор, прифатливи трошоци на работење, достапност на работна сила по поволни цени, со постоечки поттикнувања поврзани за инвеститорите и извозот, а сето тоа може да биде интересно на инвеститорите.

„Покрај ова, секторите за туризам и енергетика, посебно производството на чиста и обновлива енергија, се многу атрактивни за секој инвеститор. Оптимизмот лежи во фактот дека имаме стратешки инфраструктурни проекти кои можат да привлечат големи средства, како и приватизација на повеќе стратешки компании‟ – вели таа.

За покренување на поголем инвестициски циклус, портпаролката на Агенцијата за развој на странски инвестиции во БиХ вели дека треба да се унапреди пред се деловниот амбиент, а со самото тоа и имиџот на земјата, правниот систем и да се обезбеди политичка стабилност.

„Без наведеното, нема да бидеме во состојба да достигнеме ниво на инвестиции кое ќе бележи значаен економски развој на земјата и нови вработувања. Исто така, мораме да ја напуштиме праксата да чекаме инвеститорите сами по себе да дојдат. Тука е важно да се наведе и потребата на поголемо промовирање на земјата и нејзините потенцијали во странство‟ – вели на крај нашата соговорничка.

Кога станува збор за деловниот амбиент, од Надворешно-трговската комора на БиХ советуваат дека БиХ мора да се позиционира на своето место и да одигра соодветна улога на глобално, регионално и билатерално ниво.

„Најголем дел од надлежноста и регулативата е на ентитетско ниво, а дополнителен проблем е взаемната неусогласеност на релевантните прописи, како содржински така и со времето на усвојување и примената. Иако и други сегменти имаат потенцијал за јакнење на својата улога, посебно пазарот на капиталот и осигурувањето, моментално само банкарството е стратешки фактор и носител на силата на финансискиот сектор‟ – стои во Предлозите за подобрување на деловниот амбиент.

На крај, можеме да заклучиме дека, ако нешто битно не се промени во административните и законските процедури за да се олеснат странските инвестиции во БиХ, ништо битно нема да се промени на ова поле, а БиХ и понатаму ќе заостанува зад земјите во регионот кога се во прашање странските инвестиции.

Бука – Сараево