Иако една од најголемите пејачки на сите времиња, Тина Тарнер, изгледаше како да зрачи со енергија и самодоверба на сцената, таа сепак се сомневала во себе и во својот глас.
Случајната средба со идниот сопруг Ајк ѝ помогнала на Тина да го открие својот глас. Во времето кога се запознале, тој веќе бил познат како еден од најбараните уметници на музичката сцена.
Знаејќи дека Тина има потенцијал да стане ѕвезда, Ајк ја презеде целосната контрола над нејзината кариера, давајќи ѝ го нејзиното уметничко име за да сугерира дека тие двајца се во брак.
Сепак, дури и кога нејзиниот успех почнал да расте, таа трпела брутална злоупотреба од Ајк. По долгогодишно злоставување, таа успеа да се ослободи, поднесувајќи барање за развод, пишува Far Out Magazine.
Додека Тина се опоравуваше како една од најбараните изведувачи во 1980-тите, особено по нејзиниот албум Private Dancer, најблиските знаеле колку таа е несигурна додека се обидувала да го создаде својот препознатлив глас.
Разговарајќи за своето наследство со CBS News во една прилика, Тина Тарнер зборувала за нејзиниот рапав глас.
„Имав чуден глас кој го немаа повеќето пејачки. Знаете, на почетокот мислев дека е некако грд бидејќи не звучев како Дајана Рос. Мислев дека звучам како маж“, изјавила Тина.