Зошто уредите со Андроид 5.1 ќе работат побрзо

од Vladimir Zorba
92 прегледи
Само пред неколку дена од Гугл почнаа официјално да ја шират надоградбата на новата платформа Андроид 5.1 OС. Таа сега е достапна за сопствениците на смартфонот Нексус 6, а многумина од нив забележаа опипливо зголемување на брзината на работа на своите уреди. Главната причина за ова е дека компанијата има вградено нова функција која го менува начинот на кој работат поединечни јадра на процесорот, кој го напојува, пренесува ПокетНау.Medium2-643x336
Ве потсетуваме дека Нексус 6 располага со Снапдрагон 805 чип, кој досега сам контролираше како функционираат одделни јадра за да ги исполни задачите кои ги посакуваме. Надоградбата кон Андроид 5.1 веќе овозможува смартфонот во секој момент да го користи целосниот потенцијал и на четирите јадра, на што се должи неговата брзина. Новата платформа исто така се одликува и со дополнителен „Буст“ режим, кој гарантира доволно долг живот на батеријата при користење на полн капацитет на Нексус 6.
Благодарение на него корисниците ќе можат да ги искористат предностите на добриот баланс помеѓу висока брзина и доволно време за работа со едно полнење. Може да очекуваме дека овие функции ќе ја подобрат работата на сите паметни телефони и таблети со новата платформа на Гугл.