Зошто вреди да се посети Словенија?

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Во светот има толку многу прекрасни места кои вреди да бидат видени и преживеани. За жал, егзотичните острови со палми, бели плажи и кристални води се премногу далеку од Македонија.f4282f9b6193ad243dc40457b0a2df20

Ова сепак не може да се каже и за убавата Словенија. Таа се наоѓа релативно блиску до нашата земја и е погодна дестинација не само за топлите месеци од годината, но и за зимата. Освен тоа малата нејзина површина овозможува да бидат разгледани многу интересни места за краток временски период.

Главниот град на Словенија е Љубљана, но надвор од шармот на градовите земјата може да ве импресионира со својата природа и одлични летувалишта. Некои од најпознатите места за посета во зима (кои може да ги имате предвид за претстојната зимска сезона) се: Крањска Гора, Рогла, Кравец и Бохини.

Не само тие сепак заслужуваат да бидат видени за време на посетата во Словенија. Во нашата галерија може да најдете одлични фотографии од оваа земја, кои откриваат дел од нејзината атрактивност.

Фото: Jan Suchanek