Постојат многу самоуверени жени кои се чувствуваат удобно да ги поведат работите во спалната соба и генерално да доминираат во односите со партнерот. Има, меѓутоа, и дами кои се многу срамежливи, несигурни и / или самосвесни во кревет и не смеат “да го преземат воланот” за време на секс.
Некои претставнички на понежниот пол едноставно се старомодни и преферираат да остават саканиот да биде главен играч во љубовната игра.
Ако вие сте во втората категорија, видете зошто вреди да се проба да ги замените улогите со партнерот барем за време на интимните моменти меѓу чаршафите.
Еве 5 причини кои ќе ве убедат дека преземањето на контрола во спалната вреди:
1. Ќе ги контролирате нештата
Кога вие ги диригирате потезите за време на секс, логично ќе ги наведете работите така што да ќе добивате најголемо задоволство. Тоа не е ли прекрасно? Наместо секој пат да чекате партнерот сам да го предизвика вашето тело и вашите ерогени зони, тогаш вие можете да му ги покажете. Во исто време ќе можете да ги извадите од главата на вашиот омилен некои секс потези и идеи кои навистина не ви се допаѓаат.
2. Ќе го засакате сексот уште повеќе
Се разбира, ако сте послушни во кревет и секогаш ги следите желбите на партнерот, вие можеби останувате незадоволни во некои случаи. Ако сепак вие ја превземете контролата во креветот, одеднаш ќе се чувствувате многу подобро.
3. Ќе му прикажете на саканиот што ви се допаѓа уште појасно
Кога ќе одлучите да ја водите интимната игра, вие ќе научите да го сакате она што ви се допаѓа. Ќе му овозможите на вашиот партнер да дознае што ви се допаѓа, а што не во кревет, што ќе го подобри нагло вашиот љубовен живот.
4. Ќе го израдувате доста пријатно партнерот
Ако вие станете лидер во сите сексуални активности во кревет, тогаш вашиот партнер не би требало да се жали. Повеќето мажи ги сметаат за секси доминантните жени со шефско однесување.
5. Ќе се подигне самодовербата
Ако ја преземе одговорноста во спалната соба, во почетокот може и да се чувствувате чудно, но со текот на времето ќе почнете да се чувствувате секси, повеќе посакувани и генерално умешни во љубовната игра. Ќе станете вистинска свештеничка.