Шоу-бизнисот и голем број на истражувања покажаа дека мажите паѓаат повеќе на блондинки.072ff156e58ada794327b987476771a6

Истражување на сајтот WhatsYourPrice.com меѓутоа, тврди дека жените се пристрасни кон русите господа и поретко одат со нив на состаноци.

Според резултатите во текот на летото мажите со светли коси не се особено популарни меѓу понежниот пол, за сметка на темнокосите. Бринетите најлесно договараат состаноци, па за два месеци во просек може да одат со 10 различни жени, додека кај русокосите машки бројката е во просек околу 3.

Што е причината?

“Има различни стереотипи кон русите луѓе кои за жал не можат да бидат искоренети. Како што се вели: “русите се забавуваат повеќе!”. И оние жени кои бараат нешто посериозно, чудно за русите мажи, автоматски претпоставуваат дека тие сакаат само летно забавување “, изјави извршниот директор на WhatsYourPrice.com Брендон Вејд.

Истражување објавено во скандинавското списание Journal of Psychology пак откри дека мажите преферираат да собираат блондинки во ноќни клубови. Малку подоцна во истиот медиум излезе друг материјал, според кој дамите се со поголема веројатност дека ќе танцуваат со претставници на посилниот пол кои имаат темна коса.