Предрасудите за жените за жал не се ретки, а особено се истакнуваат оние поврзани со автомобилите. Со цел да провери дали жените имаат ист третман како и мажите меѓу сервисерите на автомобили, британски Експрес направи интересен експеримент во кој повикаа стотина механичарски работилници и се обидоа да ја дознаат цената на услугата за идентичен автомобил.
Првиот пат се претставиле како маж (Едвард), а подоцна како жена (Ема), пишува „Јутарњи“.
Од 70-те работилници што одговориле на прашањето, просечната цена за сервисирање на автомобил во сопственост на маж изнесувал 269 евра, додека една жена во просек би платила 283 евра за истата работа. Интересно е тоа што една механичка работилница се обидела да и наплати на „Ема“ значително повеќе од „Едвард“, нудејќи ѝ услуга од дури 558 евра!
Во согласност со горенаведеното, спроведена е анкета на меѓународната компанија за анализа на пазарот YouGov со 4.000 мажи и жени низ Велика Британија. Имено, тоа покажа дека младите веруваат дека сервисните работилници не се еднакви, при што 65 отсто од испитаниците на возраст меѓу 18 и 24 години изјавиле дека работилниците најчесто се наменети за мажи.
Студијата, исто така, покажа дека 46 отсто од жените чувствуваат „притисок“ да донесат брзи одлуки за потребните поправки на автомобил, а 45 отсто рекле дека се чувствуваат збунети.
И покрај ова, околу 83 отсто од жените тврдат дека се добро упатени во автомобилската смисла и проблемите што може да ги има нивното возило – што укажува на тоа дека многу работилници намерно ги опишуваат дефектите на автомобилот на збунувачки начин за да извршат притисок врз нив.