Зукерберг за Facebook: Ја направив скоро секоја грешка, што може да се замисли

од Vladimir Zorba

Марк Зукерберг го искористи 14-от роденден на неговата креација Facebook за да го објасни растот на социјалната мрежа од проект во студентски дом до глобална комуникациска платформа. Да правиш грешки е клучен елемент на успехот, станува јасно од изјавата на младиот менаџер.

Речиси половина од објавата, која брои 245 зборови, е за грешките кои Зукерберг ги допуштил како извршен директор на Facebook. „Јас ја направив скоро секоја грешка што може да се замисли“, вели тој.

Зукерберг не посочува конкретни примери, туку опишува релативно вообичаени проблеми во сите организации, или т.н. технички грешки. Тој, исто така, вели дека направил лоши договори, им верувал на погрешните луѓе и ги пропуштил важните трендови.

„Во текот на годините ја направив речиси секоја грешка која можете да си ја замислите, направив десетици технички грешки и лоши зделки, верував на погрешни луѓе и поставував талентирани луѓе на неправилни места“, самокритичен е Зукерберг. „Пропуштив важни трендови и полека реагирав на другите. Пуштав производ по производ, кои доживуваа неуспех“, вели основачот на Facebook.

Сепак, некако Facebook успеа да стане доминантна социјална мрежа на планетата, а повеќе од 2 милијарди луѓе ја посетуваат најмалку еднаш месечно. Во четвртиот квартал од 2017 година таа привлече речиси 13 милијарди долари приходи.

Facebook неодамна објави дека ќе им даде приоритет на членовите на семејството и пријателите на сметка на брендовите и медиумските извештаи. Покрај тоа, социјалната мрежа ќе ги користи локалните приказни во „њуз фид“.

Слични содржини