Звечан утрово: Работниците се собраа пред општината – сакаат да влезат на работните места

од Stefanija Kuzmanovska

Иако ноќта на северот на Косово помина мирно, од утрово пред општинската зграда на Звечан почнаа да се собираат работници од оваа општина, кои не можат да влезат на своите работни места бидејќи општинската зграда се уште е блокирана од припадници на специјалната полицијата и КФОР.

По вчерашните инциденти и ноќта која помина мирно, работниците утрово се собираат пред зградата на општина Звечан.

Со работниците се и претставници на Српската листа, претседателот Горан Ракиќ и потпретседателот Игор Симиќ.

Работниците посочуваат дека се собрале да се обидат да влезат на нивните работни места и да се уверат дали ќе се почитува договорот постигнат со претставниците на КФОР, кој им го соопштил Драган Недељковиќ, член на привременото тело, дека до денеска во 15 часот, припадниците на специјалната полиција се повлекуваат.

Освен работниците, тука се собрани и граѓани кои се револтирани од настаните од вчера, кога силите на КФОР околу 16 часот и 30 минути разбија мирен собир на граѓани и кога по половина час конфликт и употреба на шок бомби, солзавец и гумени куршуми, повредени се повеќе од педесетина граѓани и четириесетина припадници на КФОР, пренесе „Новости.рс“.

Инаку, КФОР по вчерашните настани ги зголеми силите, односно присуството во сите општини на северот, а припадниците на специјалната полиција се уште се присутни на поголем дел од патиштата во оваа област.

Дека ситуацијата што се случува на север се одразува и во останатиот дел од покраината, потврдува и инцидентот што се случи синоќа во Грачаница, кога беше запалено српското знаме на споменикот на Милош Обилиќ во центарот на Грачаница.

Слични содржини