Зверев разочара на својот домашен терен

од Симе Стоиков

Германскиот тенисер Александар Зверев доживеа непријатен пораз во четвртфиналето од Минхен.

Зверев загуби од Кристијан Гарин со 6:4, 6:4 на домашен терен, каде двапати во кариерата ја освои титулата.

На Чилеанецот, моментално 106-ти во светот, кој одамна не игра на високо ниво, му беа потребни околу два часа игра за втората победа во третиот меѓусебен меч.

Интересно, Гарин го победи Зверев и во Минхен во 2019 година. Зверев како прв носител беше голем фаворит во Минхен, но уште од почетокот беше јасно дека Гарин, чија омилена површина е земја, ќе биде тврд орев.

Му го одзеде сервисот веќе во третиот гем, во следниот спаси една брејк топка, исто како во 10-от кога ја искористи првата сет-поинт топка и поведе.

Зверев спаси две брејк топки на стартот од продолжението, но во петтиот гем Гарин ја искористи третата брејк шанса што му беше доволна на крајот да триумфира.

Негов следен ривал ќе биде Тејлор Фриц, кој го нокаутира Џек Дрејпер.

Слични содржини