Зверев: Секако дека гледам шанса против Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba

Оваа година Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев имаа неколку големи и одлични натпревари, а се ќе се повтори на АТП финалето во Торино оваа сабота.

Тогаш, српскиот и германскиот тенисер ќе играат полуфинале на завршниот турнир, што ќе биде нивни единаесетти меч во кариерата. Ѓоковиќ моментално има скор 7-3, а светскиот тенисер број еден има дури шест победи од последните седум меча.

Но, еден пораз сигурно уште го боли. Годинава на Олимписките игри во Токио, кога Зверев во полуфиналето победи со 1-6, 6-3, 6-1, а потоа се закити со златен медал. Последниот меч го одиграа во полуфиналето на УС Опен, кога по голема борба Ѓоковиќ сепак победи со 4-6, 6-2, 6-4, 4-6, 6-2.

„Оваа година игравме само натпревари во финалиња на големи турнири. Во последно време ова се многу неизвесни натпревари, така што и овојпат не очекувам ништо поинаку. Претпоставувам дека топка или две ќе решаваат се, но дефинитивно гледам шанса“, изјави Зверев во најавата за натпреварот против Ѓоковиќ.

На завршното АТП финале овие двајца тенисери играа во 2018 година, и тоа финале. Тогаш Германецот победи со 6-4, 6-3.

„Против Ѓоковиќ ќе бидам подготвен за бројни долги и тешки промени на натпреварот. Нема тајни, двајцата знаеме што не чека од другата страна. Ќе бидам подготвен за тешка и неизвесна борба“, заклучи Германецот. пренесе Хина.

Слични содржини